Македонија
(Видео) Манасиевски: Дали Филипче учи од Заев како да злоупотребува трагедии, како со Смилковското и со Младенов, за кои лажеше со години
Дали Филипче учи од Заев како да злоупотребува трагедии, како Заев со Смилковско езеро и Младенов, за кои лажеше со години? Дали Венко Филипче кога вели дека нема друг како Заев и дека народот треба да учи од него, дали мисли и на лагите и злоупотребите на човечките трагедии? Дали Филипче се восхитува на Заев кога тој лажеше дека ќе ја каже вистината за смртта на Младенов и убиството кај Смилковско езеро, за потоа да се испостави дека лажел“, праша на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
Доплнително Манасиевски праша, дали Венко Филипче сака да манипулира дури и со човечки судбини, само за да дојде на власт, а потоа во стилот на Заев ,,пу, пу не важи”.
„Зоран Заев е причина за проблемите на Македонија, причина за тагата и бројни неуспеси, криминал и корупција. Венко Филипче да каже, што точно од тоа му е пример за учење?
Добро е што Венко Филипче призна се од почеток, за народот да нема дилема дека тој е втор Зоран Заев“, вели Манасиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

