Македонија
(Видео) Маричиќ: За поголема ефикасност во работата, потребна е финансиска и административна независност на Уставниот суд
Министерот за правда Бојан Маричиќ на стручната дискусија – „Уставното судство во Република Северна Македонија“, порача дека со оглед на високиот степен на одговорност, неспорно е дека материјалните права на уставните судии треба да се доуредат со законски норми.
„ За да може да се постигне повисок степен на ефикасност при работењето, потребно е да се овозможи потребната финансиска и административна независност за непречено функционирање на Уставниот суд. Во таа насока е и мислењето на Венецинска комисија, која е на став дека би било корисно да се донесе посебен закон за Уставен суд, со кој би се уредиле прашањата што се однесуваат на статусот на уставните судии, основните услови за поведување постапка пред Уставен суд, правно дејство од пресудите на Уставниот суд“, истакна Маричиќ.
Според Маричиќ постои реална потреба од донесување на Закон за Уставен суд, каде што детално би се уредиле статусот, положбата, правата и обврските на судиите и нивниот материјален статус.
Во случај на отсуство на политичка волја за донесување Закон за Уставниот суд, Маричиќ дополни дека прашањето за платите, додатоците на плати и надоместоците може да се реши со донесување на нов Закон за платите во Правосудниот сектор, кој ќе се однесува на платите на уставните судии, редовните судии, јавните обвинители, како и прашањето за статусот на службениците во Уставниот суд, редовните судови и обвинителства.
Во однос на дигитализацијата на правосудството, министерот истакна дека и Уставниот суд ќе се дигитализира во текот на 2022 година, каде што ќе се воведе систем за распределба на предмети и нова веб-страница со датабаза со судска датабаза на предмети.
Со оглед на фактот дека наскоро им завршува мандатот на неколку уставни судии, министерот Маричиќ истакна дека се надева дека Собранието ќе ја исполни својата уставна надлежност и дека ќе овозможи непречено функционирање на Уставниот суд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Битола, Охрид и околината: епицентарот во Албанија
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 23 часот и 10 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Албанија, на околу 150 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.7
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Битола, Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот: https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici или јавете се на 112.
Македонија
Земјотрес во Охрид
Земјотрес со епицентар во Грција е почувствуван во Охрид и околината, вечерва во 19 и 50 часот.
„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 19 часот и 50 минути регистрираа земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 100 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.7“, соопшти Сеизмолошката опсерваторија.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот: https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici или јавете се на 112.
Македонија
Андоновски на состаноци во Стејт департментот: Соработката во областа на сајбер безбедноста и дигитализацијата во фокусот
Во рамки на работната посета во Вашингтон, денеска се реализираат работни средби во Стејт департментот на САД. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, утринава оствари работна средба со Russ Headlee, Senior Bureau Official (SBO), прв човек на Бирото за Сајбербезбедност и дигитални политики на Стејт Департментот на САД.
„На средбата беше потврдена заедничката определба за унапредување на билатералната соработка меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави во областа на дигиталната трансформација и сајбер безбедноста. Разговорите се фокусираа на продлабочување на соработката во клучни области: сајбер безбедноста и дигиталните политики; привлекување на инвестиции од САД во областа на дигитализацијата и сајбер безбедноста; доверливо поврзување на институциите и безбедна инфраструктура; отпорност и доверба“, соопштија од Министерството.
Дополнително, во рамки на дискусијата биле опфатени и прашања поврзани со јакнење на капацитетите помеѓу партнерските влади, размена на експертиза, како и јавно-приватна соработка во доменот на сајбер безбедноста, со цел развој на безбедни и доверливи дигитални јавни услуги и заштита на критичната дигитална инфраструктура.
„Дигиталната трансформација мора да оди рака под рака со сајбер безбедноста и довербата во технологијата. Соработката со Стејт департментот и со Бирото за сајбер безбедност и дигитална политика е значаен чекор за зајакнување на нашите капацитети и за побрза модернизација на јавните услуги“, истакна министерот Андоновски.
Во продолжение на работната агенда, заедно со македонската делегација предводена од претседателот на Собранието, Африм Гаши, министерот Андоновски оствари средба и со Daniel J. Lawton, заменик помошник секретар во Стејт департментот.
Според Министерството, оваа средба претставува значаен чекор кон зајакнување на соработката, градење институционални капацитети, размена на експертиза и меѓусебна поддршка помеѓу Македонија и САД.
Средбите завршија со договор за наредни чекори, вклучително и утврдување приоритетни области за соработка и редовна комуникација меѓу тимовите, со цел подготовка и реализација на конкретни активности и проекти во претстојниот период.

