Македонија
(Видео) Маричиќ: Мицкоски доживеа дебакл на самитот на ЕПП
На самитот на Европската народна партија во Загреб се случи целосен меѓународен пораз на лажните и лицемерни политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Не само што се покажа дека едно зборува пред граѓаните, а друго надвор од државата, туку и јавно, пред камерите, на клучните стратешки теми Мицкоски доживеа дебакл. Тоа е очекувано затоа што Мицкоски нема свој став, туку работи под диктат на Никола Груевски, изјави Бојан Маричиќ, претседател на Комисијата на СДСМ за европски прашања.

Според него, дури и Европската народна партија, каде што членка е ВМРО-ДПМНЕ и има право на глас, во донесената резолуција од загрепскиот самит констатира дека ЕУ со неносењето одлука за почеток на преговорите направила историска, геостратешка грешка.
„Тоа е потврда дека ние ги направиваме реформите што беа потребни, дека сè што требаше испорачавме, но дека одлуката на ЕУ е поради внатрешни проблеми во самата Унија, како што потврдија и највисоките челници на ЕУ.
Оваа резолуција е врела шлаканица за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, кои виновници бараа внатре во земјата. Се покажа уште еднаш дека целиот демократски свет ги препознава реформите и успесите, дека сите важни фактори и претставници во ЕУ се за тоа да почнеме преговори, само Мицкоски навива против напредокот на нашата татковина во евроинтеграциите“, додаде тој.
Според Маричиќ, радоста на Мицкоски дека биле во право оние што ја блокирале нашата земја очигледно заврши неславно и тоа на негов терен.
„Додека дома Мицксоки вели дека не го признава уставното име на државата, граѓаните видоа дека нема проблем неговата ВМРО-ДПМНЕ во Европската народна партија да биде претставничка од Република Северна Македонија. Самитот во Загреб го разоткри целиот лажен патриотизам, го разоткри целото лицемерство на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
На самитот на Европската народна партија, Мицкоски го поддржа договорот со Бугарија за кој велеше дека е штетен за националните интереси, ги призна уставното име и договорот од Преспа. Мицкоски се премисли за сè за што зборуваше во изминатите две години и го одрече за две минути. Толку од искреноста, честитоста и доследноста во ставовите за кои зборува Мицкоски. Затоа, граѓаните на 12 април ќе го казнат неговиот нечесен и лицмерен однос и ќе пoтврдат дека државата е на прав пат“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.
Македонија
Повеќе од 150 македонски државјани побарале помош од амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби за евакуација
Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информираат дека досега повеќе од 150 македонски државјани, ги контактирале амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби, околу можностите за евакуација.
Со сите нив се одржува постојан контакт и доколку се пријават за евакуација ќе се преземаат подготвителни активности за евентуална асистенција за нивно безбедно враќање, наведуваат од МНР.
– Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку дежурниот телефонски број и преку дипломатско-конзуларните претставништва, и понатаму останува целосно на располагање на граѓаните. Уште еднаш ги повикуваме сите наши државјани кои се наоѓаат во земјите од регионот доследно да ги почитуваат упатствата и насоките на локалните надлежни безбедносни органи, велат од Министерството.
Поради ситуацијата на Блискиот Исток, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија од вчера функционира кризен штаб кој е на 24 часовно располагање на граѓаните за сите информации.
За дополнителни информации и помош, на располагање се:
СОС дежурен телефон (МНРНТ):
075/273-732
Амбасада на Република Северна Македонија во Доха
Тел: +974 50 173 111
Амбасада на Република Северна Македонија во Абу Даби
Тел: +971 56 441 7532
Амбасада на Република Северна Македонија во Тел Авив
Тел: +972 54 500 8566
Тел: +972 54 967 0546.
Македонија
Малолетник сакал да се самоубие, МВР го спречи постапувајќи по објава оставена на социјалните мрежи
Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи интервенираше навремено откако беше забележана објава на социјалните мрежи што укажуваше на можност за самоубиство од страна на малолетен корисник.
Полицијата веднаш ги презеде сите неопходни мерки за утврдување на идентитетот и локацијата на лицето, кое за кратко време беше пронајдено. Малолетникот е во добра состојба, а родителите се известени и запознаени со понатамошните чекори за негово ментално здравје.
Овој настан уште еднаш ја нагласува важноста од внимателно следење на однесувањето на младите во дигиталниот простор. Родителите треба редовно да комуницираат со своите деца, да се интересираат за нивните активности на социјалните мрежи и да реагираат веднаш при забележување загрижувачки објави или несвојствено однесување – апелираат од Секторот за компјутерски криминал.
Апел е упатен и до пријателите, соучениците и сите корисници на социјалните мрежи: доколку забележат објави што упатуваат на самоповредување, безнадежност или најави за самоубиство, веднаш да ги искористат механизмите за пријавување на платформата или да известат родител, наставник или најблиска полициска станица.
-Навремената реакција може да спаси човечки живот. Секторот за компјутерски криминал ќе продолжи со засилени активности за рано откривање и превенција на ризични појави во дигиталниот простор, велат од МВР.

