Македонија
(Видео) Марковска-Илиевска: Скопје се задушува подолг период, СДС и ДУИ не мрднаа со прст во однос на загадувањето на воздухот
7 години власта на СДС и ДУИ не мрдна со прст во однос на загадувањето на воздухот во Скопје. Скопје се гуши подолг период, а последните скоро една деценија градот е на врвот на листите на градови со најзагаден воздух, рамо до рамо до Мумбаи, Киншаса или други градови од по десетици милиони жители од делови на Африка и Азија, вели Анета Марковска Илиевска, советник во Совет на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
СДС, како што потсети, во 2017 година дојде на власт со ветување дека ќе го исчисти воздухот во Скопје. Тогашниот лидер на СДС на партиски митинг во Аеродром на цел глас велеше ајродром, ајро, ајро. 7 години подоцна Скопје никогаш не било со позагаден воздух, додаде Марковска Илиевска.
„7 години се доволен период за ако почнат да се преземаат мерки за намалување на загадувањето, тие и да вродат со плод. Проблемот е што 7 години ништо не е преземено. А тие што 7 години имаа можност да преземат нешто и да го намалат загадувањето, сега се најгласни во хипокризијата. Причината за загадениот воздух има име и презиме, и тоа е СДС и ДУИ“, дополни советничката.
Според неа клучот е во системското делување и во големите вложувања во заштита на животната средина кои ќе ги исклучат главните фактори на загадување.
Во таа насока, како што рече, владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе преземе големи системски мерки кои ќе придонесат за намалување на загаденоста на воздухот, спроведување на детален план кој ќе резултира со чист воздух и здрава животна средина.
„Главен столб во тој план е и стратешка инвестиција на гасна когенеративна централа, која ќе обезбеди топлинска енергија со значително и драстично намалување на загаденоста, и електрична енергија која ќе се користи во стопанството.
Владата за таа намена како што најави премиерот Мицкоски ќе даде значителни субвенции кои ја поттикнат изградбата на централата.
Промените се случуваат и ќе резултираат со почиста животна средина и почист воздух. Решението нема да дојде за 1 годинa, но во период од еден ипол мандат тоа и како ќе биде приметливо и ефективно“, истакна Марковска Илиевска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

