Македонија
(Видео) Маркоска: Антинародната ВМРО-ДПМНЕ е против испратнини од 20.000 евра за војниците
ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од блокадите за законите што носат подобар живот за сите граѓани, смета пратеничката од СДСМ, Даниела Маркоска.
Според неа, ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена го кочи законот со кој државата ќе добие нов современ клинички центар во Ѓорче Петров, прв по 80 години.
„Со ова, ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Христијан Мицкоски, застанува против здравствениот систем и против здравјето на граѓаните“, рече Маркоска.
„Дека на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ единствена задача им е да го кочат секој закон што е во интерес на граѓаните, докажуваат и блокадите на законот за служба во Армијата. Со 2.000 амандмани ВМРО-ДПМНЕ се противи на олеснување на условите за пензионирање, на поголеми исптарнини за припадниците на Армијата. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се против тоа војниците да имаат право на избор, се противи војниците да имаат можност да добијат и 20.000 евра испратнина по навршување 45 години возраст, се противи и на дополнителните поволности при пензионирање“, предочува пратеничката од СДСМ.
Маркоска смета дека се лажни и лицемерни тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека со ова сакаат да го подобрат овој закон.
„Тоа што за закон што има 30-ина члена 0пратениците на ВМРО-ДПМНЕ поднесуваат 2.000 амандмани не е никакво подобрување, туку класична блокада на измените и дополнувањата на законот. Додека парламентарното мнозинство предводено од СДСМ работи во интерес на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ, заради лични и дневнопартиски интереси, кочи и блокира закони, ја опструира работата на Собранието“, вели Маркоска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

