Македонија
(Видео) Маркоска: ВМРО-ДПМНЕ дејствува на штета на здравствениот систем
Пратеничката на СДСМ Даниела Маркоска осврнувајќи се на состојбата со коронавирусот во државата рече дека владата била силно посветена во борбата против Ковид-19 но ВМРО-ДПМНЕ според неа се однесува деструктивно.
„Уште од самиот почеток од пандемијата, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски застанаа на страната на вирусот, правеа и се уште прават се за да му наштетат на здравствениот систем“, рече Маркоска.
„ВМРО-ДПМНЕ прво се противеше на воведувањето вонредна состојба, а потоа бараше нејзино продолжување во недоглед. Во меѓувреме, Мицкоски беше прв што кршеше мерки, одеше по фитнес центри и делови на ресторани кои не смееја да работат. Денес, оваа партија предводена од губитникот Мицкоски шири лажни документи со лажни цени со цел да го поткопа процесот за набавка на вакцини против коронавирусот“, истакна Маркоска.
Според неа деструктивниот однос на ВМРО-ДПМНЕ е на штета на граѓаните
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

