Македонија
(Видео) Марјан од „Доказ М“ останува во притвор, судијката се сомнева дека може да избега
Марјан Стаменковски, сопственик на порталот „Доказ М“, останува во притвор. Судијката Марија Клетничка-Марковска рече дека и натаму постои опасност од бегство. Продолжувањето на мерката притвор е до правосилност на пресудата, а најдолго 60 дена од денеска како ден за објава на пресудата.
„Против обвинетиот Марјан Стаменковски се продолжува мерката притвор. Одлуката е донесена поради основан став од бегство и опасност од криење, поради карактерот на кривичните дела за кои тој е огласен за виновен, видот и карактерот на делата, видот и висината на казната на кривичните дела, последиците од кривичното дело, степенот на кривичната одговорност, како и околноста дека тој нема постојано место на живеење – според личната карта живее на едно место, а живее на друго“, рече судијката.
Ниту здравствената состојба не го предомисли Кривичниот суд за Стаменковски да биде пуштен од притвор.
„Тие не се од релевантно влијание со оглед дека ако има влошување на здравјето, има медицински сектор кој може да му даде терапија и упатување во специјалистички одделенија“, додаде судијката.
Претходно, судијката Клетничка Марковска му изрече казна од три години и еден месец за пет кривични дела на Марјан Стаменковски, сопственик на порталот „Доказ М“. Му изрече и забрана за вршење дејност. Посочи дека сите регистрирани домени во „Марнет“ на негово име ќе треба да се избришат, а во наредните 10 години ќе не може да регистрира нови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.
Македонија
Поради магла намалена видливост на патниот правец Демир Капија – Гевгелија и граничен премин Богородица
Поради појава на магла се бележи намалена видливост до 100 метри на патниот правец Демир Капија- Гевгелија и граничен премин Богородица.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

