Македонија
(Видео) „Мајски цвет“ ќе се урива, на нејзино место ќе се гради нова и модерна градинка
Градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 1 ќе се урне и на нејзино место ќе се изгради целосно нов и модерно уреден објект со поголем капацитет, најави денеска градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски.
– Општина Карпош изработи комплетен проект со сите фази, за уривање на градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 1, а изградба на нова градинка која ќе биде поголема и ќе има повеќе занимални. Тендерот се отвора на 27 мај, очекуваме дека ќе има интерес од повеќе фирми. За оваа работа имаме издвоено преку Совет на општина Карпош 111 милиони денари и ако започнеме некаде 15-20 јуни, очекуваме целата работа да ја завршиме до 1 декември, рече Јакимовски.
Објави дека објектот ќе биде енергетски ефикасен и модерен, за разлика од сегашниот кој е граден некаде после земјотресот.
– За нас е многу важно што во овој нов објект ќе имаме можност да згрижиме што е можно повеќе наши најмлади жители, но во исто време ќе биде енергетски ефикасен и ќе биде многу безбедносно посигурен од аспект на запаливост, пожар и ткн…, имајќи предвид дека овој објект е граден некаде после земјотресот и истиве делови од него се барака. За нас е многу битно што објектот ќе биде на едно ниво, затоа што урбанистичкиот план не дозволува да има повисоко ниво од ова што го има сега, изјави Јакимовски.
Првиот човек на општината најави дека по изградбата на оваа градинка, ќе почне изградба на уште еден нов објект и тоа за градинката Пролет.
– Во условите за тендерот ние ставивме дека градежната фирма мора да планира дека ќе работат во две смени. Значи изведбата на објектот треба да биде во две смени. Децата кои ја посетуваат оваа градинка дел ќе бидат префрлени во други објекти од „Мајски цвет“, а дел по нашето преселување во општинската зграда, оние фамозни бараки од општина Карпош ќе бидат пренаменети. Потоа очекувам да ја урнеме градинката Пролет кај Канела, и да изградиме нова градина во Козле, најави градоначалникот на општина
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нова услуга на ЈСП: Онлајн надополнување на картичката
ЈСП воведува нова услуга – онлајн надополнување на картичките за возење.
„Од сега можете онлајн да ја надополните вашата картичка со билети и/или износ (средства) директно преку нашата официјална веб страна skopjebus.mk — без чекање, без редици и без одење до продажно место. Сè што ви треба е телефон или компјутер и неколку минути. Надополнувањето се прави од далечина, брзо и кога вам ви одговара, од удобноста на вашиот дом“, велат од ЈСП.
Од таму додаваат дека со новата услуга се добива онлајн надополнување со билети и/или средства, брза постапка во неколку едноставни чекори, нема редици и нема потреба од физичко присуство, достапно од телефон или компјутер.
Како да надополните картичка?
* Влезете на skopjebus.mk
* Изберете „Надополни картичка“
* Внесете ги потребните податоци за
картичката
* Одберете дали сакате билети или износ
(средства)
* Потврдете и завршете ја постапката
Пробајте ја новата функционалност тука: https://skopjebus.mk/mk/app/cards/load
Македонија
Утре променливо облачно време, попладне дожд
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд, информира УХМР.
Претпладне тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, ончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен утре кон крајот на денот кога ќе има услови за слаб локален дожд.
До петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Од петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен. За време на викендот облачноста ќе се зголеми.
Македонија
Утре прекинато водоснабдување во делови од неколку скопски општини
Од ЈП Водовод и Канализација известуваaт дека утре ( вторник ) се планирани неколку интервенции и тоа:
· поради изведување на водоводен приклучок на ул.Борис Трајковски 212, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (место викано Каменик). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.(општина Кисела Вода)
· поради изведување на водоводен приклучок ф-150 мм на ул.Варшавска 4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Варшавска и дел од бул.8-ми Септември. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности.(општина Карпош)
· поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на ул.Боца Иванова бб(за АБЦ Комерц),
прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Боца Иванова,Томе Пуре, Душко Поповиќ, Александар Бујнов, Бетовенова и дел од Петар Манџуков. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности.(општина Бутел)
· поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на ул.20 –ти Октомври 44 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.(општина Центар)

