Македонија
(Видео) Мизрахи: Ако Филипче не си замине веднаш, ќе докаже дека оставката до Заев била фарса
Ако Филипче не си поднесе неотповиклива оставка и не си замине веднаш ќе докаже дека оставката до Заев била само фарса, изјави на денешната прес-конференција Рашела Мизрахи, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Четири недели јавноста чекаше да добие одговори. Четири недели немаше реакција од институциите. Насекаде во светот за вакви инциденти и далеку помали од овие оставките се даваат уште првиот ден. Само Венко Филипче наместо да си замине реши да глуми. Сите институции делуваа во насока на заштита на Венко Филипче. ЈО наместо веднаш да ги повика на давање искази и Филипче и Хасани цел месец се занимава со роднините на починатите. Истрагата се држи ниско без воопшто да се викне некој одговорен во институцијата“, рече Мизрахи.
Според неа, болницата во Тетово воопшто немала потреба од модуларна болница зошто истата, како што рече, располага со два ката објект во цврста градба во склоп на истата којшто само требало да биде опремен со медицинска опрема и ќе бил спремен за прифаќање на пациенти, но наспроти тоа Филипче се решил да прави профит на Анѓушев и монтирал картонска болница во Тетово.
„Таквата модуларна болница не ги исполнува основните градежни стандарди ниту за резистентност на пожар од десетина минути, туку самата изгоре само за 3 минути. Болницата наместо од огноотпорни материјали е изградена од ПУР-панели, кои се високозапаливи и при најмало изложување на оган. Дополнително болницата немала одобрение за пуштање во употреба, туку е пуштена во употреба онака на диво. Приклучоците за довод на кислород и струја се правени откако е предадена модуларната болница во употреба, и нема првичен план за такви приклучоци, туку тие се правени дополнително“, посочи Мизрахи.
Самиот процес на постапување, како што рече, вградените материјали и употребата на истите е крајно сомнителен и скандалозен.
„По ниту едно од поставените прашања на јавноста Филипче не одговори, ниту е повикан во ЈО да даде исказ. Затоа ВМРО-ДПМНЕ побара собраниска седница на која ќе се расправа извештајот, затоа што власта по секоја цена го спасува Филипче од институционализација на случајот. И Заев и Филипче треба да знаат дека одговорност за овој случај не можат да избегнат и одговорност ќе има“, потенцира Мизрахи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Голем одрон кај село Ратево, магла на патниот правец Тетово – Гостивар
На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Тетово – Гостивар до 70 метри, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

