Македонија
(Видео) Мизрахи: Како држава веќе го прекршуваме задолжувањето по Мастрихт, во превод – банкротирани сме
Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи на собраниската комисиска расправа за финансирање и буџет истакна дека земјава веќе го прекршува задолжувањето по мастрихтшките критериуми или веќе сме банкротирана држава која има јавен долг над 60% или 3,143 евра задолжување по глава на жител.
„Ќе ми простите што не прифаќам климања со глава и аминувања со неанализиран датум, што ја одлучува иднината на граѓаните на државата, затоа што простете, иако зборуваме на јазикот на финансии, зборуваме за луѓе, а со тоа одлуката за животот на секој граѓанин не треба да се гледа преку бројки или како сува статистика“, вели Мизрахи.
По предложениот ребаланс на буџетот, Мизрахи праша дали има пилот во авионот, па гo посочи следново:
„Во однос на јавниот долг заклучно 30.6.2020 година, кој изнесува 402,6 милијарди денари или 6,5 милијарди евра, бројката на население е два милиони граѓани, па јавниот долг по глава на жител изнесува 193,947 денари или 3,143 евра по глава на жител. Јавниот долг како процент од БДП заклучно вчерашниот ден е 60,3%;
Доколку се ревидираат сите макроекономски проекции на ММФ моментално се прогнозира пад од 4,4% и доколку се прифатат новите проекции на Светка банка за пад од минус 4,1 % од БДП, долгот е далеку над 60%, со што далеку ги прекршивме мастрихтшките критериуми за задолжување на државата или во превод банкротирани сме“ – посочи Мизрахи.
Мизрахи критикуваше дека власта не треба да се повикува на кови-кризата за овој банкрот, туку треба да се навратиме на катастрофално лошите финансиски политики на власта изминативе неколку години кои ја доведоа државата во банкрот“, вели таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

