Македонија
(Видео) Милошоски: Време е за обединување, а Митко Јанчев е показател за тоа
ВМРО-ДПМНЕ денеска објави уште десет кандидати за градоначалници за локалните избори.
Антонијо Милошоски на прес-конфренција истакна дека изборот на кандидатите е врз основа на програмата за мандатот, анкетите меѓу локалното население и анкетите со можните протиивкандидати. Меѓу имињата на кандидатите е и Митко Јанчев, градоначалникот на Кавадарци.
Милошоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ смета дека е време за обединување и дека токму Митко Јанчев е показател за тоа.
за Ресен – Јован Тозиовски,
за Крушево – Билјана Проеска,
за Делчево – Николчо Стојменовски
за Ранковце – Борче Спасовски
за Ново Село – Ѓорѓе Божинов,
за Василево – Славе Андонов,
за Дебарца – Саше Силјаноски,
за Кавадарци – Митко Јанчев,
за Зрновци – Борчо Коцев
за Кратово – Тодорчо Николовски од Социјалистичката партија.
ВМРО-ДПМНЕ вчера соопшти дека ќе ја поддржи Данела Арсовска за градоначалник на Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

