Македонија
(Видео) Милошоски: Ковачевски и Османи го кријат предлогот
Денешната прес-конференција ја држам на тема двајца манипуланти – Димитар Ковачевски и Бујар Османи, истакна Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција.
„Овие двајца политичари, едниот премиер, другиот министер за надворешни работи, не запираат со манипулациите кон македонската јавност, особено за процесот на евроинтеграциите, спорот со Бугарија и понижувачките предлози што ги прифаќаат, тврдат дека имаа некакви забелешки и лажат дека тие се видоизменети. По онаа легендарна лага од 2018 година, во која учествуваше Бујар Османи, дека сме добиле датум за преговори, а гледаме дека го немаме, вчера се случи уште една голема лага, со која Димитар Ковачевски се обидува да го покрие дебаклот на македонската дипломатија“, вели Милошоски.
Премиерот Ковачевски се обиде да ги манипулира новинарите, јавноста и политичките партии дека неговото „не“ во Брисел предизвикало суштинско видоизменување на францускиот предлог за преговарачката рамка за многу бргу потоа да биде демантиран од министерската за надворешни работи на соседна Бугарија, а денеска е демантиран и од француската амбасадорка во Софија, која е акредитирана од Макрон да биде претставник и гласноговорник на француската политика како амбасадорка.
„Затоа бараме од Димитар Ковачевски да престане со овие манипулации, да го објави предлогот и да види целата јавност дека овој предлог суштински е истиот со она за кој македонската јавност веќе изгради широк консензус дека е неповолен за државата, понижувачки е, не ги решава споровите со Бугарија и не нè носи до целта што си ја замислуваме во минатите 20 години, а тоа е полноправно членство во ЕУ“, истакна тој.
За ваков предлог, оценува тој, не е доволно да се консултира Ковачевски само со коалициските партнери и со одбрани на невладини или провладини здруженија, за ваков неповолен предлог на преговарачката рамка, кој е голем дебакл за македонската дипломатија, додаде Милошоски, треба Владата да даде оставка, да распише предвремени парламентарни избори и народот да одлучи на кој начин смета дека треба да продолжи да се движи Република Македонија во правилна насока.
„ВМРО-ДПМНЕ го чувствува револтот на граѓаните, оправданото незадоволство што се акумулира поради манипулирањето на Ковачевски и на Бујар Османи и ВМРО-ДПМНЕ ги разгледува сите можни демократски опции за канализирање на тој револт во Собранието и надвор од Собранието. Но, ваквиот предлог не смее да помине бидејќи Македонија со ова губи, се понижува, а на надворешнополитички план нема да ја постигне целта ниту за членство во ЕУ ниту за подобри пријателски рамноправни односи со Бугарија“, потенцира пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
По„Безбеден град“ следна фаза „Безбедна земја“, најави Мицкоски
„Граѓаните без исклучок сакаат да имаат помалку сообраќајни незгоди, и да има помалку жртви и последици од тие сообраќајни незгоди. Лага е дека „Безбеден град“ има етничка заднина, засега е имплементиран во Скопје, Куманово, Тетово и по коридорите 8 и 10. Анализите покажуваат дека три четвртини од прекршоците се направени во Скопје, но истовремено покажуваат и дека оние 110-150 илјади прекршоци, во овој тест период се намалени на 7-8 илјади“, посочи премиерот Христијан Мицкоски во Собрание, прашан за тужбата поднесена од Зијадин Села до Уставниот суд за проектот „Безбеден град“.
„Некои работи едноставно и искусни политичари како Зијадин Села дали намерно, свесно или несвесно се обидуваат да ги направат такви да не соодветствуваат со реалноста. Мислат дека ако излезат во јавноста со пораки, дали биле против една етничка група, во насока на друга етничка група, ќе добијат политички поени, а на тие поени и некаков политички легитимитет. Но, фактите го зборуваат спротивното, колку повеќе има вакви настапи, толку повеќе назадуваме во политиката и помалку поддршка се добива од граѓаните“, истакна Мицкоски.
Нагласувајќи дека ваков систем постои во речиси секоја европска метропола, Мицкоски откри дека следна фаза, по „Безбеден град“, ќе биде проектот „Безбедна земја“
„Следува следната фаза, „Безбедна земја“, со којшто границите ќе ги обезбедиме, ќе имаме систем за рано детектирање на пожари, да ги најдеме виновниците коишто прават таков тип на хибридни напади врз државата и врз граѓаните, веднаш да ги детектираме и извадиме пред лицето на правдата. Систем со којшто криминалците нема да ни бегаат преку граница откако ќе сторат криминал, туку ќе бидат веднаш препознаени, фатени, санкционирани и однесени таму каде што треба да бидат.
Тоа е суштината на одговорна Влада. И тоа се храбри потези во политиката. Не се храбри потези уставни измени или на сила менување имиња. Ова е храбар потег, којшто ќе донесе квалитет во животот на граѓаните и ќе спаси човечки животи, тоа е храбар потег по цена и на политичка штета. Тоа се храбри и истовремено државнички потези“, потенцираше Мицкоски.
Македонија
(Видео) Филипче најави тужба за Жан Митрев: Нема да дозволам лаги и бандитски напади врз мојата чест и углед
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање, денеска изјави дека случајот со Жан Митрев се темели на една голема лага и најави дека приватно ќе го тужи поради нарушување на честа и угледот.
„Ова сѐ се темели на една голема лага. Зошто? Ако Жан Митрев бил жртва на таков рекет како што кажува, што правел досега? Второ, зошто тој не поднесува тужба, туку обвинителство по допрен глас? Но, како и да е, нека ја завршат анализата итн., согласно одлуката, а после тоа откако ќе се утврди дека тоа не постои, јас немам никаква вина, ќе го тужам приватно за нарушување на честа и угледот“, рече Филипче.
Тој потенцираше дека за неговата чест и углед работел напорно и чесно, и нема да дозволи “бандитски работи да му ги нарушуваат честа и угледот“, што за него се најважни во животот.
Македонија
Брисел ги прифати барањата, возачите се признаени како професионалци, го решаваме проблемот со превозниците, објави Николоски
Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски соопшти дека од Брисел пристигнале, како што вели, „одлични вести“ во врска со проблемите на македонските превозници.
„Само што добив одлични вести од Брисел во врска со огромниот проблем на превозниците од Македонија! Нашите ставови се прифатени. Возачите се прифатени како професионалци. Тоа е тоа што го баравме“, објави Николоски.
После протестите и силната офанзива изминатиот период, Брисе, додава тој, ќе донесе нова Стратегија за визи која ќе значи решавање на проблемот со кој се соочија професионалните возачи.
Благодарам до сите пријатели на Македонија кои помогнаа со цел да се реши овој проблем!

