Македонија
(Видео) Милошоски: Советничката на Катица Јанева не е истакнат правник за да биде член на Советот на јавните обвинители

Власта ја предлага Светлана Жупаноска за член на Советот на јавните обвинители, но проблемот е што таа не исполнува ниту еден услов од членот 32 став 1 од Законот за Советот, кој предвидува кандидатот да е или универзитетски професор по право, или адвокат или истакнат правник, вели пратеникот Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Тоа што била стручен соработник во суд, а потоа и советник за огласи и вработувања на Катица Јанева во СЈО (2016-2018), воопшто не ја прави истакнат правник. Доколку вакви кандидати станат членови на Советот за јавните обвинители дополнително ќе паѓа репутацијата на оваа институција и таа ќе нема авторитет за да ја остварува надлежноста врз обвинителствата во Македонија. Ќе гледаме само невкусни репризни резили како во Судскиот совет“, изјави Милошоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска делови од Бутел и Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.20 до 12.30 часот, дел од корисниците од ул. 1 во населба Радишани. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Горно Лисиче лоцирани на потегот од Маг Комерц, А-М Стил, Феромонт Инжинеринг кон село Долно Лисиче. (општина Аеродром)
Македонија
Дел од Аеродром денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со повремен локален дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
До среда ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд и студени утра. Ќе дува умерен до засилен, а долж Повардарието повремено силен ветер од северозападен правец. Потоа следи период на стабилно и суво со постепен пораст на дневната температура.