Македонија
(Видео) Минибус се запали на автопатот Миладиновци – Штип
Минибус денеска се запали на автопатот Миладиновци – Штип.
Во него немало патници, а возачот непосредно пред избувнувањето на пожарот излегол од возилото.
Миладиновци – ШтипМини автобус, среќа без патници. Пожарна само што пристигна
Posted by Irina Nakov on Петок, 04 септември 2020
Очевидци, односоно граѓани кои движеле во правец кон Штип, го забележале возилото кое гори. Од видеото се гледа дека минибусот е во пламен, а има и голем облак од густ црн чад.
Според кажувањата на очевидците, возачот повикал противпожарна екипа која треба да пристигне од Свети Николе за да го стави пожарот под контрола.
Моментно сообраќакот на едната коловозна лента на овој патен правец е во застој.
Пожарот во месноста Крушица светиниколско, е ставен под контрола за да не се прошири на околната шума покрај автопатот која ја зафати огнот од запаленото вовило. Како што инфромираат од територијалната противпожарна единица од Свети Николе во гасењето на пожарот учествуваат шест пожарникари со две возила, а има и полициска екипа која во текот на денот треба да изврши увид на местото на несреќата.
Запалениот минибус бил во сопственост на приватна штипска компанија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Земјотрес почувствуван во Македонија
Утрово во 7 часот и 20 минути беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ.

Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од 3.1 степени според Рихтер.
#Earthquake (#земјотрес) possibly felt 24 sec ago in #RepublicofNorthMacedonia. Felt it? Tell us via:
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/IaWrDzq6eR— EMSC (@LastQuake) December 15, 2025
Како што објави ЕМСЦ епицентарот на земјотресот бил на 35 километри од Приштина, на границата меѓу Косово, Србија и Македонија.
Македонија
Делови од Карпош и Чучер Сандево денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од село Горно Нерези (општина Карпош), како и корисниците од селата Глуво и Мирковци. (општина Чучер Сандево )
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево и претежно тивко
Сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 0, а максималната ќе достигне од 9 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на неделата времето ќе биде сончево и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови на одредени места ќе има појава на магла. Максималната температура ќе биде над просекот за овој период од годината.

