Македонија
(Видео) Мисајловски: Власта наместо за здравството и стопанството, парите ги даде за корумпираното СЈО
„Во овој момент Македонија се наоѓа во огромна криза, но не само Македонија, туку и целиот свет. Затоа во овој миг сакам да ги поздравам оние што се во првите борбени линии за справување со овој вирус, а се разбира тоа се докторите, медицинскиот персонал, полицијата, армијата и сите останати“, изјави Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, ова не е време за политика и политиканство, но мора неколку работи да се споменат.
Македонија ќе победи !!! ??????
Posted by Vlado Misajlovski on Недела, 12 април 2020
„На овој ден требаше да има избори и сите знаеме дека ВМРО-ДПМНЕ на овој ден ќе победеше и ќе ја формираше новата влада во Република Македонија. Но кога и да има избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, бидејќи народот е со ВМРО-ДПМНЕ и народот ќе препознае кој најдобро знае да ја води економијата и државата.Во овие моменти кога се соочуваме со огромна криза, власта нема слух за многу работи. Постојано велиме дека веднаш треба да се најдат средства како да им се помогне на малите и средни претпријатија. Но власта реши наместо веднаш да најде пари за стопанството, како да ги даде новите плати на СЈО односно нови бонуси на корумпираното СЈО.Наместо веднаш да распише јавни набавки за медицинскиот персонал како да им се помогне со опрема тие решија како да направат нови постапки за нови привремени вработувања за своите партиски сопартијци.
Затоа апелираме, не е време за вакви партиски препукувања но мора да престанете со сите овие погубни политики. Сконцентрирајте се веднаш, распишете постапки, итни јавни набавки како да гоо опремите целото здравство за оние што се во првите борбени линии да не бидат голораки. Веднаш да и се помогне на целата полиција исто така. Прекинете со оние ставки во буџетите каде што навистина нема потреба во овој момент, туку насочете се кон оние капитални вредности и проекти и она што во овој момент е најпотребно а тоа е како сите да помогнеме за да се спречи овој вирус и како да се помогне кон здравјето на граѓаните.
Затоа апелирам, разум кон власта, не е ова политиканство и политички поени, туку помогнете на народот бидејќи вие сте сега на власт. Не само да правите личен пи-ар туку да помогнете навистина во овој момент кога сите се обидуваме да ги почитуваме мерките, сите пробуваме да се заштитиме и да ја зачуваме државата, а пред се народот.Затоа сакам да ве поздравам сите вие што ги почитувате мерките, сите што седите по домовите, на терасите, во дворовите и овие тешки денови да ги поминеме и пребродиме.Затоа Македоијо ве поздравувам, ќе победиме, Македонија ќе испадне посилна и ќе го победи и надмине ова зло. Затоа чувајте се сите и Македонија ќе има подобри времиња“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ реагира: Ако СДСМ не ја краделе државата, минималната плата денес ќе беше и повисока
Предлог-законот на СДСМ за минимална плата од 600 евра е доказ дека доколку не ја краделе државата додека биле на власт, работниците денес ќе имале и повисока минимална плата, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата наведуваат дека СДСМ денес поднеле предлог-закон со кој се предвидува минимална плата од 600 евра и дека во истиот навеле дека за таа мерка се потребни околу 7,5 милијарди денари, односно околу 110 милиони евра, но не објасниле од каде би се обезбедиле тие средства.
Според ВМРО-ДПМНЕ, добрата страна на предлог-законот е што, како што велат, покажува дека СДС имале можност во минатото да ја зголемат минималната плата и до 600 евра, но тоа не го направиле.
Во реакцијата се наведува и дека доколку не била дозволена злоупотреба на околу 170 милиони евра државни пари за набавка на, како што велат, канцероген мазут со кој бил загадуван воздухот, работниците денес можеле да имаат и повисока минимална плата, можеби и од 700 евра.
Од ВМРО-ДПМНЕ дополнуваат дека СДСМ и ДУИ, според нив, наместо да работат во интерес на граѓаните, гледале како да ја ограбат државата и да си ги наполнат сопствените џебови.
Македонија
Променливо облачно со повремен дожд: снег на планините и заладување во недела
Утре времето ќе биде променливо облачно, со слаб повремен локален дожд, а на планините и на повисоките места со слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се движат од 0 до 6 степени, а максималните од 7 до 11 степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 5 степени, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи се очекуваат во недела, кога дождот ќе преминува во снег и во дел од пониските места.
Македонија
Јаневска: Македонија доби 8,2 милиони евра од ЕУ за спроведување на ЕРАЗМУС програмата во 2026 година
За спроведување на ЕРАЗМУС + програмата на Европската комисија наменета за образование, обука, млади и спорт, Македонија годинава доби најголем буџет откако во истата учествува како програмска земја. Со речиси 8,2 милиони евра ќе се финансираат заеднички проекти на македонските образовни установи, институции и граѓански организации со партнери од земјите во ЕУ, како и кратки истражувачки и студиски посети.
Можностите за вмрежување, приоритетните области, постапката за изработка и роковите за аплицирање со проекти денес беа претставени на конференција на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во присуство на ректори на јавните и приватните високообразовни установи во државава, претставници на училишта, граѓански здруженија и други потенцијални корисници на средства во рамки на ЕРАЗМУС програмата, се обратија претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Ана Михајлов.
На конференцијата беше посочено дека во фокусот на програмата се младите, односно јакнење на нивното знаење и вештини во границите на ЕУ, со кои потоа ќе придонесат за развој на сопствената држава.
Министерката Јаневска смета дека и оваа година ќе има ефикасна искористеност на можностите, затоа што државата има зајакната законска основа во која задолжителни компоненти се мобилноста, европската димензија и меѓународната соработка, зајакнати се и капацитетите на Националната агенција каде има ново раководство и добра внатрешна структура, а воедно и МОН како национален авторитет ги засилува механизмите за контрола на целиот процес за спроведување на програмата ЕРАЗМУС.
Таа ги повика заинтересираните кандидати да ги разгледаат можностите и со свои проекти да аплицираат на повиците за распределба на средства, што Националната агенција ќе ги објави на 19 февруари, односно на 5 март.
Македонија е дел од ЕРАЗМУС програмата уште од нејзиното воведување од страна на Европската комисија во 2014 година, кога буџетот изнесуваше 3,5 милиони евра.

