Македонија
(Видео) Мисајловски: Ги нарекуваа „Чарлиевите ангели“, а тоа беше хибридна институција за вршење прогон врз нас
Имаме целосен прогон врз нас и морам да споменам и неколку жени. Ти се главните жени знаете „Чарлиевите ангели“ ги нарекуваат, и што знам како маички правеа од нив и сл. Но сфативме една работа дека таа хибридна институција која беше создадена за цел да се врши прогон врз ВМРО-ДПМНЕ и да се уништи идентитетот на македонското во сите нас видовме зошто се создадени, што правеа, до кај стигнаа. Гледаме 9 000 евра дневно за јаткасти плодови, гледаме 30 000 евра како на шофер давале, гледаме милионски суми како се делеле незаконски и на крај ВМРО-ДПМНЕ треба да биде криво за се, истакна Владо Мисајловски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на настан организиран од страна на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ во Велес.
„Не, ние ќе ги исправиме сите работи. Ќе ги исправиме но затоа ни треба народот, затоа ве замолувам од моето име, но и од претседателот Христијан Мицкоски да допреме до сите граѓани, да ја раскажеме нашата приказна и ние да ја предводиме новата влада на Република Македонија и да ја побараме одговорноста што следи. Затоа ве замолувам сите, отидете на терен. Имаме само уште еден месец каде што ќе се формира техничката влада, ќе имаме поголема прецизност, ќе знаеме што точно се случува. Знаете претходните избори што се се случуваше насекаде, на секое избирачко место. Впрочем вие сте најповикуваните дека ги знаете тие работи бидејќи вие го чувствувате скоро во се. Пробуваат на секој можен начин да побегнат од избори, но веќе не можат.
Затоа со оваа техничка влада и во предизборието што следи, со новата програма „Обнова за Македонија“, ајде навистина да се обнови Македонија. Ајде сите да ги посетиме. Да ги погледнеме луѓето, да не бегаме. Тогаш јас ви ветувам дека ако отидеме кај овие граѓани и сите заедно пробуваме да дадеме барем еден од она што го имаме многу јако ќе победиме, многу јако ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на 12 Април и тоа лично ви го ветувам на сите.
Слушнавме дека првиот човек на државата сака да си замине од Република Македонија. Но, не може да дава прв човек таква изјава. Дали он ги мотивира луѓето да се иселат, дали ги мотивира или ја гледа очајната политика што ја води оваа власт? Вториот човек на државата или по хиерархија трет, премиерот на државата вели дека психички е растроен или слично. Јас се прашувам дали сега сите луѓе во Република Македонија или поготово младите сакаат да останат кога ги гледаат изјавите на овие луѓе и тоа што прават? Која е оваа порака што ја праќаат на сите граѓани.
Гледаме корумпирано судство, гледаме во ниеден ресор каде што нема реформи , гледаме дека ветуваат 300 работи но, ништо е исполнето. Ветуваа 100 000 денари за докторите, 500 км автопатишта, пред некој ден слушнавме не можеле да ги завршат сега, во наредните 10 години. Но и во овие три години воопшто не почнале ниту со проектирање на било каков проект. Да ве потсетам Клиничкиот центар ветија дека ќе го почнат во декември, најверојатно утре ќе почнат пак „мало сутра“ најверојатно. Таква е оваа влада.
Ни ветија зголемување на платите во секој ресор, но, тоа не се случи, и што прават сега. Со популизам сакаат во буџетот да ставаат дополнителни средства како ќе го зајакнуваат човечкиот потенцијал и капацитет. Но, тоа не е вистина, тоа е едно подмитување на граѓаните пред избори. Тоа сите добро го знаат. Затоа ние треба да ги разобличиме насекаде и ова да го кажеме.
Ви текнува кога една министерка за инвестиција ја прашаа да наброи неколку странски инвестиции, се налути бидејќи и поставуваат такво прашање, бидејќи не знае. Но, сега викаат рекордни инвестиции, но не е така. Но, ние сме храбра партија, сме поминале многу работи. Доаѓа нова енергија и јас би сакал сите да му ја дадеме на Христијан Мицкоски зашто навистина вреди, и јас сум потпреседател на пратија и ќе останам до крај со него, но вреди, вреди шансата да почнеме да ја правиме обновата за Македонија.
Иако се чувствува победата, се чувствува, ви текнува дека пред неколку години размислувавме како ново обвинение ќе смисли, кој ќе биде следен во прогонот, што ќе и направат на партијата, што ќе измислат за претседателот, за раководството, со кого ќе не скараат, сега други работи се зборат. Сега се зборува за обнова на Македонија, се зборува за проекти, се збори за тоа кој ќе бидат на позициите на новата влада, се бори кои раководни органи ќе бидат итн.
Следува, многу тешка кампања, црна кампања, бидејќи како што можевме да забележиме овие неколку дена, повторно ја вратија црната кампања и сите оние теми каде што сакаат повторно да го оцрнат ВМРО-ДПМНЕ“ порача Мисајловски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)
Македонија
СДСМ-Кисела Вода бара итна исплата на надоместоците за избирачките одбори
Општинската организација на СДСМ-Кисела Вода од градоначалничката на оваа општина бара итно постапување по одлуката на Советот на Општина Кисела Вода од 7-та пленарна седница одржана на 29 јануари 2026 година, со која е предвидена исплата на надоместоците на членовите на избирачките одбори од последните локални избори.
Во писмото се наведува дека одлуката е донесена, средствата се обезбедени, но дека изостанува извршната постапка.
„Одлуката е донесена. Обврската е јасна. Средствата се обезбедени. Она што недостасува е – Ваша извршна постапка“.
Од СДСМ – Кисела Вода порачуваат дека станува збор за средства обезбедени од државата за реализација на изборниот процес и оценуваат дека секое понатамошно одлагање претставува поткопување на институционалниот интегритет.
Тие бараат најдоцна до утре да се пристапи кон исплата на средствата согласно одлуката на Советот.
Во спротивно, советничката група на СДСМ најавува испраќање официјален допис до Државната изборна комисија, известување до Министерството за локална самоуправа и информирање на претставници на меѓународната заедница.
Македонија
Николоски: Филипче се однесува како бомбаш самоубиец во обид да го заштити столчето во СДСМ
Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски во одговор на новинарско прашање во Прилеп, каде што присуствуваше на отчет 100 дена од новото раководство на локалната самоуправа во Прилеп, истакна дека Филипче води црна и гнасна кампања против него и Македонија, со што сака да ја уништи и СДСМ и стратешките пријатели.
„Не сум изненаден, гледаме еден нихилизам, една црна кампања, гнасна кампања која доаѓа од СДС, јас сум свесен дека и Венко Филипче е свесен дека му се ниша позицијата во СДС, ја има практично киднапирано партијата за цели што само тој ги разбира и буквално се однесува како бомбаш самоубиец, сакајќи да се заштити себе и сопствената позиција во партијата и уништува се околу себе“ појасни Николоски.
Вицепремиерот истакна дека лагите и обвинувањата од страна на Филипче се гол популизам, затоа што во исто време создава токсична атмосфера во општеството којашто не е добра за Македонија.
„Најголем проблем е што овој начин на комуникација создава една токсична атмосфера во општеството, создава една атмосфера којашто не е добра и нешто што нејќе Македонија да го види. Во исто време не кара и со стратешките пријатели, знаете дека цела кампања водеше против Велика Британија со којашто потпишавме стратешки договор и со којашто имаме стратешко партнерство“, нагласи Николоски.
Во однос на обвинувањата од Филипче во делот за превозниците, Николоски е дециден дека овој наследен проблем се решава со дијалог со ЕУ.
„Пред неколку недели превозниците од Македонија и целиот регион со право ги блокираа граничните премини коишто одат кон Шенген зоната со барање да ЕК започне дијалог за решавање на проблемот за престој за професионалните возачи во рамките на Шенген зоната. Нивното основно барање беше да се започне дијалог. Планот нивни беше да блокада трае 7 дена, да на четвртиот ден излезе претседателката на ЕК и каже дека таков дијалог ќе се случи и презентираше документ којшто се вика Нова визна стратегија на ЕУ со којшто документ возачите се признати како професионалци, тоа беше едно од основните барања и во рамки на овој дијалог којшто се води во моментот треба да се донесат конечните решенија. Никој никаде а камо ли во систем како ЕУ; дека за две недели сите работи ќе бидат решени, туку тоа што јас го кажав дека ќе започне овој дијалог и дека новата визна стратегија е начинот и патеката по којшто ќе се оди“, истакна Николоски.

