Македонија
(Видео) Мисајловски: Зад мене е клиничкиот центар што СДСМ зборува дека го гради
Наспроти скапите реклами што најавуваат дека СДСМ гради клинички центар, може да погледнете на оваа полјана дали нешто се гради и дали воопшто има клинички центар, изјави Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 2, кој денеска беше во Ѓорче Петров.
Тој ги повика градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумовски, и премиерот Оливер Спасовски да дојдат и да кажат дали тука се гради клинички центар.
„Нека погледнат граѓаните внимателно, додека СДСМ размислува како да си поигрува со интелигенцијата на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ ќе биде на терен насекаде за да ги покаже сите симболи на проектите на СДСМ. Клиничкиот центар не постои, како што не постојат ниту 230 километри нови автопатишта, како што не постојат и тие 500 километри најавени автопатишта, како што не постојат инфраструктурни објекти во Ѓорче Петров и во целата изборна едница 2. Ова позади мене е пустош. Ова е нешто што три години најавуваа дека ќе го почнат, а сега во изборната кампања велат дека го градат“, рече Мисајловски.
Тој им порача на граѓаните на 15 јули да изберат обнова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

