Македонија
(Видео) Мисајловски: Куманово има една преубава позитивна енергија и целата енергија води кон Гордана Силјановска Давкова

Еден убав ден во Куманово. Навистина ми е драго што гледам позитивна енергија. Денеска тука премногу млади луѓе, имаме авангарда од Куманово, уметници, луѓе што се препознатливи во градот, нашите кандидати за пратеници но денеска сакам една убава вест да споделам со сите вас, а тоа е дека Куманово има една преубава позитивна енергија и целата енергија води кон Гордана Силјановска Давкова, истакна Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 2.
-И навистина е тоа убаво чувство, убаво чувство да се каже тука од Куманово една убава вест за сите.
И сакам да ги повикам сите граѓани да се обединат. Останува уште многу малку време до првиот круг. Но, првиот круг е многу важен. Да испратиме огромна порака тука од Куманово, од центарот на Куманово дека сите и млади и стари, сите независно од кој етникум се сите сакаме да се сплотиме и да донесеме промени.
Да донесеме промени за горда Македонија, за Македонија што е навистина европска. Македонија која ќе биде горда за секој еден независно од каде е.
Затоа ве повикувам од тука, од најголемиот град во државата, од слободно Куманово сите заеднички, за Гордана да победиме. Така ќе победи и Македонија и потоа полесно ќе биде на 8 мај да направиме уште во првиот круг над 100 илјади гласови разлика и тој бран да продолжи и за парламентарните избори.
Ги повикувам да се сплотат, бидејќи овој тим, позади мене е прекрасен тим, овие луѓе се иднината, овие луѓе се тие кои набрзо ќе ја водат Република Македонија, додава Мисајловски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
За да помине граница преку ред, на полицајците од ФРОНТЕКС им кажал дека е дипломат, а на нашите полицајци им рекол дека им е колега, уапсени двајца скопјани на Табановце

Вчера на Граничниот премин „Табановце“, на влез во државата, полицијата ги упаси С.С. (59) и Б.А. (55), двајцата од Скопје поради сомневање за алсиикување исправа.
„Во обид да влезат со приоритет, С.С., кој го управувал возилото ’голф’ со скопски регистарски таблички, во кое се превезувале, на полициските службеници од ФРОНТЕКС им рекол дека е дипломат, приложувајќи патна исправа наводно издадена од Европски полициски комитет, а на македонските полициски службеници им рекол дека е вработен во МВР, но не ја носел службената легитимација. При дополнителна контрола на лицето и возилото биле пронајдени патни исправи, една биометриска страна за патна исправа, два пластични печати, четири лични карти и други предмети. Поради основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по чл.378 од КЗ, пронајдените предмети се одземени, а лицата лишени од слобода“, соопшти МВР.
Против двете лица ќе бидат поднесени соодветни ријави по расчистување на случајот.
Македонија
Овој ден буди тага, но ќе се памети и по човечноста и хуманоста, Град Скопје оддаде почит на жертвите од земјотресот

Делегација на Град Скопје предводена од градоначалничката Данела Арсовска, оддаде почит на жртвите од катастрофалниот земјотрес кој пред 62 години главниот град го остави во урнатини. Скопје се сеќава на 26 јули 1963 година, ден кој засекогаш го промени ликот на градот, трагедија која одзеде над илјада животи.
„Овој ден буди чувство на тага, но секогаш ќе се памети и по човечноста и хуманоста на сите кои помогнаа во најтешките моменти“, велат од Град Скопје.
Во рамки на одбележувањето 62 години од земјотресот, вечерва во 20:00 часот во Музејот на Град Скопје ќе биде отворена изложбата „Скопје за време на земјотресот и потоа“.
Македонија
На граничните премини Табановце и Пелинце се чека по 45 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, јави АМСМ. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила на граничните премини Табановце и Пелинце, а времето на чекање е околу 45 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Сојузот потсетува дека од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија на сила е летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. Термините се следни:
петок од 17:00 – 22:00 часот,
сабота од 09:00 до 18:00 часот и
недела од 09:00 до 22:00 часот.
Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.
Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје (со важност до 01 септември) се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
петок од 15:00 – 22:00 часот,