Македонија
(Видео) Мисајловски: Се обврзуваме да го донесеме законот за потекло на имот на политичари
Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборната единица 2 денеска го посети Куманово каде што се сретна со младите и со унијата на жени од Куманово и побара поддршка од нив за да може да започне обновата на Македонија.
„ Денеска сум повторно во Куманово сакаме да го продолжиме како што почнавме со позитивна енергија денеска сме со младите тука во Куманово со унијата на жени и да го поминеме градот со една позитивна енергија ведрина со насмевка и да го поминеме градот и да ги замолиме граѓаните да излезат и да ни ја дадат поддршката- нагласи Мисајловски
Мисајловски побара поддршка од Куманово со цел да може да започне обновата во културата да има обнова во судството, обнова во здравството во инфраструктурата во спортот и во сите сегменти на општеството.
„ Поминавме многу, поминавме многу населени места разговараме за многу проблеми тука во Куманово и дадовме аманет дека ќе помогнеме насекаде. Нашата програма проект обнова ќе биде насекаде опфатена во Куманово затоа ги замолувам сите сограѓани сите наши пријатели комшии роднини да ни ја дадат поддршката на 15 јули да гласаат за бројот 14 за да има обнова во културата да има обнова во судството да има обнова во здравството во инфраструктурата во спортот и насекаде околу нас – истакна Мисајловски.
Мисајловски додаде дека за него кампањата започнала со црно сценарио од политичкиот противник но тој продолжува позитивна кампања за обнова на Македонија.
„ Знаете дека оваа кампања за мене почна со едно црно сценарио со една фрлена бомба во мојот семеен дуќан но јас уште првиот ден кажав дека тие инспиратори и креатори од политичкиот опонент мене нема да ме запрат, јас ќе продолжам со позитивна енергија со ведрина за она што секој еден копнее во оваа држава а тоа да се има надеж за подобра иднина. Јас се потрудив овие 20 дена да го доловам тој момент насекаде – кажа Мисајловски.
Носител на изборната единица 2, Мисајловски истакна дека ја чувствува енергијата во целата изборна единица 2 и се обврза на реализација на сите проекти во програмата за обнова на Македонија.
Ја чувствувам енергијата во целата изборна единица два и сакам да се заблагодарам на секое едно населено место тука од Куманово што ја даде својата енергија што не прими во нивните домови што излезе пред вратите пред портите што ни даде сугестија и забелешка а некогаш и критика за она што сме го заборавиле во минатото а ние се обврзуваме дека ќе го направиме во иднината -истакна Мисајловски.
Мисајловски додаде дека е неопходно да се донесе законот што ВМРО-ДПМНЕ го предлага за потекло на имот за да увидат граѓаните какви политичари има во Куманово.
„ Политичкиот опонент само размислува на црни сценарија размислува како да ме навреди и размислува само на црни сценарија. Јас сум многу различен. Затоа е добро законот што ВМРО-ДПМНЕ го предлага за потекло на имот да видите какви политичари има тука во Куманово и што се кријат зад своите таканаречени пријателски бизниси. Затоа е добро обновата на Македонија да почне тука од Куманово да зафати многу лица од СДСМ за да знаете каде завршувале тие црни пари тие тендери и куферчиња. Но тоа е СДСМ ние сме различни, ВМРО-ДПМНЕ е различна партија од СДСМ ние сме партија што сакаме секој еден од вас да го замолиме да го даде вашиот глас а ние се обврзуваме на работа на труд и се разбира да си ја зачуваме оваа наша земја, оваа наша татковина Република Македонија – заклучи Мисајловски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.
Македонија
Повредата на данскиот скијач не се случила на патека под наша надлежност, велат од Ски центарот „Попова Шапка“
Повредата на скијачот од Данска не се случила на официјална патека администрирана од „Попова Шапка“, бидејќи ски-лифтот „Церипашина“ не бил во функција поради силните ветрови и неповолни временски услови, информираат од Ски Центарот.
Се додава дека скијачот бил гостин на приватен оператор кој работи надвор од патеките управувани од овој центар.
„Ски центарот сноси одговорност исклучиво за патеките и просторот што се под наша официјална администрација и управување, а не и за зоните каде што оперираат трети страни надвор од овие патеки“, се наведува во соопштението на Ски Центарот Попова Шапка..
И покрај тоа, веднаш по добивањето на информацијата за повредата, спасувачката единица излегла на терен за да обезбеди помош и да асистира при транспортот и третманот на повредениот.
Од Центарот посочуваат дека безбедноста на посетителите останува врвен приоритет и му се заблагодаруваат на спасувачкиот тим за брзата и професионална реакција.
„Макфакс“ претходно објави дека 24-годишниот скијач од Данска бил пронајден на Попова Шапка, а според информациите од полицијата тој бил повреден од снежна лавина и со повреди пренесен во болница во Скопје.

