Македонија
(Видео) Митева: Власта ги урива преговарачките процеси со Бугарија
„Историјата да се учи низ перцепција. Ова е еден дел од договореното за што Бугарија прогласува успех. Ова е став од страна на членови на историската комисија кој потврди дека ние сме препорачале на ученикот да му бидат претставени различните перцепции од определен настан на таа држава или за одредена личност“, изјави на денешната прес-конференција Марија Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ.
„И нашиот предлог бил дека постојат различни перцепции, дека не постои една единствена вистина. Ова е штетната матрица низ која се водат преговорите со Бугарија на сметка на македонскиот национален идентитет. Ова е начинот на кој власта ги урива преговарачките процеси, го става македонскиот народ во подредена положба со цел да се согласи за работи кои ќе навлегуваат во македонскиот јазик и историја“, потенцира Митева.
„Дополнително, самиот Османи изјави дека во иднина кога ќе бидеме во позиција треба да кажеме дека имаме разбирање за сите аспекти, повторувам ЗА СИТЕ аспекти бидејќи нашиот пристап бил дека или сè е договорено или ништо не е договорено. Османи потенцираше дека нема да го информира Собранието за секој договорен елемент, туку тоа да го направи на веќе завршени преговори и постигнат договор без согласност на македонската јавност. Секој ден имаме нови порази, секој ден власта молчи за скандалите дека македонски службеници работеле против интересите на Македонија“, вели Митева.
Праша што правеле Османи и Ковачевски до сега, како им се случувале вакви скандали пред нивни очи без притоа да преземат каков било чекор кој би го спречило тоа. „Кои се тие службеници на Османи кои работеле против договор и што презема владата за тоа?“.
Побара Османи да одговори како дозволил негови вработени да работат на можна штета на државата, колкав период знаел за такви активности, а не презел ништо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

