Македонија
(Видео) Митева: ВМРО-ДПМНЕ со анкетни прашалници до граѓаните чиј одговор е причина за промени
Платите се ниски, а трошоците за живот превисоки! Месечниот буџет не стигнува ниту за подмирување на месечните сметки за струја, телевизија и други трошоци. Работите што сме ги купувале минатата година се со видливи дупло повисоки цени оваа година. Ние штедиме, но владата не го прави тоа и не ни помага. И во состојба кога молкот не смее да биде опција треба да ги кажеме работите гласно, за да ги промениме. Затоа што премногу е, изјави на денешната прес-конференција Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Таа додаде дека државните институции постојат за нас, но ние не ја добиваме услугата што ни следува. Целиот наш живот ги почитуваме редот и законите, но тоа не важи и за овие од власта. Се однесуваат недостоинствено наместо да покажат почит кон македонската држава. Наместо квалитет имаме корупција и неефикасност. Врските и протекциите се погласни од професионализмот. Хаосот и безредието ги заменуваат редот и транспарентноста. Тоа не е односот на институциите кон нас, туку вината е на неодговорната власт која раководи со институциите. И во состојба кога молкот не смее да биде опција да ги кажеме работите гласно за да ги промениме.
Ова се прашањата кои секој еден од вас треба да си ги постави, а за кои со сигурност знаеме дека секој еден човек го знае одговорот. Денес, за разлика од пред една година нашите џебови се попразни, криминалот и корупцијата владеат насекаде, нема перспектива, а народот се чувствува понижен. Прашалници со сите овие прашања ќе бидат доделени до вас. Без разлика колку и да се очекувани одговорите, за разлика од оваа власт, на нас ВМРО-ДПМНЕ ни се исклучително важни вашите ставови и вашиот глас. Гласно за промени на 18 јуни во 20 часот пред Владата на Република Македонија, изјави Митева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

