Македонија
(Видео) Митева: Десет причини зошто се потребни избори веднаш, сè друго со СДС и ДУИ на власт е губење време за Македонија
„Погрешната и девастирачка политика на СДС и ДУИ во овој момент води само до избори. А за избори, покрај реалноста, која потврди дека немаат мнозинство за уставните измени, има уште безброј причини, кои ги отсликуваат нивните политички неуспеси“, рече Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Според портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, секој ден, недела, месец повеќе власт на СДС и ДУИ ќе значи продолжување на: уништеното образование – трета година по ред немаме учебници, нема квалитетно образование, генерации ученици не добија квалитетна наука и настава; девастирана економија – инфлација што не се издржува, енормно задолжување на Македонија, највисок буџет досега, а најсиромашен народ; катастрофален здравствен систем – се губат животи, нема соодветни терапии, криминал и во здравството, а таму никој за никој не одговара; безбедноста, која треба да ни ја гарантираат МВР и Спасовски, подобро да ја нема – станавме држава во која криминалците се на слобода, а невините осудени, улиците станаа поле за пресметка на криминални банди; протестите станаа секојдневие – доказ дека незадоволство постои на сите нивоа, ги понижија пензионерите, ги оставија да преживуваат од ден за ден, наместо социјална држава, станавме држава на социјална неправда; континуирано ни се зголемува бројот на иселување, населението сè повеќе ни го нема, младите заминуваат во огромен број – а главната причина за тоа се економските состојби за кои директно се виновни СДС и ДУИ, но и фрустрациите што ги донесоа во општеството дека во Македонија нема перспектива; земјоделците се заборавени, нема ниту пласман за нивните производи ниту поддршка од власта; бизнис-секторот е на работ на пропаста, се затвораат компании, се губат работни места, а власта на СДС и ДУИ носи закони што директно им го отежнуваат работењето; нема ниту инфраструктурен развој веќе 7 години – 2 км автопат не може да направат, чекаме со години за еден автопат од Кичево до Охрид, кои им беше оставен почнат, а требаше само да знаат како треба да работат; владеење на правото во Македонија не постои – владеат криминалот и корупцијата, заштитата на криминалците доаѓа директно од врвот на власта, нема независно судство, нема никаква правда во државата.
„И може уште двапати по толку да се набројува, но политичката реалност е една – власта на Ковачевски нема никаков легитимитет, комплетно е поразена нивната политика, која ја однесе Македонија на дното.
Затоа, потребни се избори, кои се единствено разумно решение за излез од кризата, а сè друго е губење време за Македонија и македонскиот народ“, додаде Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

