Македонија
(Видео) Митева: Договорот го зајакнува идентитетот и носи подобар живот за сите
Од Виница ве повикувам заедно да ја обезбедиме македонската иднина, иднината на нашата земја. Да се обединиме и заедно да ја донесеме одлуката на 30 септември. Да ја искористиме историската фер шанса за сите граѓани на Македонија и на референдум да ѝ го расчистиме патот на нашата земја за влез во НАТО и ЕУ со зачуван и зајакнат идентитет. Со постигнатиот македонско-грчки договор носиме подобар живот за сите граѓани и овде во Виница, во источна Македонија, но и во целата наша држава, изјави пратеничката на СДСМ, Славица Шуманска-Митева.
Според неа, со договорот го чуваме богатото културно и историско наследство, кое ја направи нашата македонска нација славна. ,,Договорот го гарантира нашето право да се определуваме како Македонци. Ставаме крај на вековните оспорувања и врз славното минато ја градиме иднината. Според член 1 од овој договор, официјалниот јазик на нашата држава е македонски јазик, со што нашиот македонски јазик е потврден еднаш засекогаш. Државните симболи – химната, грбот, знамето – не се менуваат. Со договорот ја тргаме и последната пречка, добиваме покана за членство во НАТО. Ни се гарантираат сигурност, безбедност и стабилност, и тоа на сите наши граѓани, на целата наша територија. Набргу започнуваме преговори за членство во ЕУ“, додаде таа.
Митева вели дека по 11 години стагнација, уназадување и изолација, сега Македонија е на вистинскиот пат кон полноправно членство во НАТО и ЕУ, со обезбеден македонски идентитет. Македонија вредносно, цивилизациски припаѓа во семејството на развиените и напредни држави.
,,Придобивките од овој договор се огромни. Поддршката за него, како и за референдумското изјаснување за иднината на Република Македонија, е највисок патриотски чин. Затоа, на 30 септември масовно и достоинствено да кажеме ‘да’ за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот. Да кажеме ‘да’ за македонската иднина! Им го должиме тоа младите, на сегашните и идните генерации“, додаде таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

