Македонија
(Видео) Митева: Договорот за Иловица е од 2006 година и е проект за ќар на власта на ДУИ и СДС, спремни се да лажат и меѓу себе за бизнис-интереси
Портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, ја обвини власта на СДСМ и ДУИ дека таа е единствено виновна за рудникот „Иловица“.
Таа рече дека Владата на СДСМ и ДУИ во 2006 година, застапувана од тогашниот министер за економија, Фатмир Бесими, го потпишала првиот договор за концесија за „Иловица“.
„Ова е договорот потпишан помеѓу концесионерот и Владата на СДС и ДУИ застапувана од Фатмир Бесими, кој тогаш бил министер за економија, а сега е министер за финансии. Овој договор е потпишан во 2006 година на 31 мај. Ова е договорот кој е причина за сите проблеми на жителите на Струмичко.
Ако Владата на СДС и ДУИ не го потпишала овој договор во 2006 година, денеска Македонија ниту ќе беше на Арбитража ниту ќе имаше страв кај жителите на Струмичко дека Струмичката Котлина и поширокиот регион може да бидат контаминирани.
Овој договор, кој го потпишал Фатмир Бесими врз основа на одлука на Владата на СДС и ДУИ за давање концесија од 25 април 2006 година, е коренот на проблемите. Лажното лицемерство на СДС и ДУИ е на површина. Обидите да се обвинат ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски пропаѓаат“, изјави Митева.
Според неа, политичарите од власта ги потценуваат граѓаните оди дотаму што, како што додава таа, денес се претставуваат како заштитници и се појавуваат на протест, а вчера на седница на Владата гласаа спојување на концесиите и реализација на нивниот проект донесен со одлука на Владата во 2006 година.
„Ова е документираната вистина, а таа говори дека рудникот ‘Иловица’ е замисла и проект на СДС и ДУИ, од почеток до крај. Одговори за срамните изјави дека еден министер, во случајот Крешник Бектеши, ја довел целата Влада во заблуда да ја изгласа оваа одлука нема, па затоа ова јасно потврдува дека оваа Влада е спремна да се лаже и меѓу себе само за задоволување лични бизнис-интереси.
И по 17 години, истата таа Влада на СДС и ДУИ дозволува проектот да почне, а на сето тоа му претходи преземање на ‘Еуромакс ресурсис’ од страна на бизнисмен, кој важи за близок до ДУИ, Дестани. Истиот тој Дестани, за кој во јавноста се тврди кој нема ниту еден ден искуство, ниту некаква експертиза од копање злато, треба да ги убеди граѓаните во Струмичко дека тој ќе работи по стандарди и средината нема да се контаминира. Зарем некој ќе поверува?“, порача Митева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

