Контакт

Македонија

(Видео) Митева: Додека владее сиромаштија владата потрошила 270.000 евра на службени трошоци

Објавено пред

Нема функционер од владата кој не трошел огромни средства од буџетот како службени трошоци. Владините функционери, премиерот и министрите минатата година потрошиле 270.000 евра, во најголем дел за ручеци, вечери и друг вид на ресторантски и кафански седенки. Во време на економска криза, енормно висока инфлација владата лани потрошила 10% повеќе пари за службени трошоци во однос на 2020-тата година. Или во бројка потрошени се 25.000 евра повеќе во однос на годината претходно,изјави на денешната прес-конференција Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Таа истакна дека на врвот на листата се наоѓа сегашниот Вицепремиер за евроинтеграции, Бојан Маричиќ со потрошени скоро 15.000 евра на репрезентации. Имено тој потрошил 4.000 евра за авионски патувања, а на аеродромите плаќал и вип салони, а ручал и вечерал за скоро 5.700 евра во приватните угостителски објекти, државни мензи и угостителски објекти во странство.

Убедливо најмногу по ресторани, дури и пред Бојан Маричиќ трошел Бујар Османи. Тој за ручеци, вечери и други угостителски услуги потрошил околу 6.000 евра. Веднаш по него во тесна трка со Маричиќ е и Артан Груби со потрошени над 4.500 евра. Високо на листата е и Фатмир Битиќи со потрошени над 20.000 евра по разни основи, зад него, но не многу скромен во трошењето е сегашниот министер во МЗШВ Љупчо Николовски со потрошени над 12.000 евра, од кои половина се потрошени во државните мензи. Крешник Бектеши со потрошени над 10.000 евра, за кој како една од ставките каде се потрошени значаен дел од парите се услугите во вип салоните на аеродромите. А, над 1.000 евра за телефонски услуги во државните мензи потрошил и Димитар Ковачевски, како тогашен заменик министер за финансии, изјави Митева.

Митева наведе дека додека овие владини функционери потрошиле над 270.000 евра за службени трошења, за авио билети, кафеани, ресторани и вип салони народот се соочува со 50% покачување на основните продукти за исхрана, 30% повисоки сметки за струја и парно и зголемени цени на сите неопходни работи за нормално функционирање на домаќинствата.

Запрашан за оправданоста на високите сметки на владините функционери Ковачевски на сето ова одговара дека ваквите трошоци во голема мера се оправдани и дека уште повеќе ќе се трошат доколку е потребно за Македонија и нејзиниот евроинтеграциски процес. Преку вип салоните на аеродромите и ручеците во приватните угостителски објекти не се обезбедува евроинтеграција. Оваа влада, која повикува на штедење додека владее сиромаштија немилосрдно ги троши парите на граѓаните на работи кои не се неопходни, изјави Митева.

Македонија

Од денеска до 5 март пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк

Објавено пред

Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае од денеска  до 5 март 2026.

dobivaj vesti na viber

Правото на субвенциониран студентски оброк може да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, како и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на државните и на приватните универзитети во државата.

-Студентите што ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, може да поднесат апликација електронски преку порталот: https://e-uslugi.mon.gov.mk, се наведува во објавата на МОН каде што се наведени и условите за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк и контакти за поддршка при аплицирањето.

Студентите на кои им било прекинато правото на субвенциониран оброк, а сметаат дека ги исполнуваат условите, може повторно да аплицираат. Овој рок е, исто така, отворен за студентите кои не аплицирале во претходните активни рокови.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пролетен неделен ден во зима со температури до 16 степени

Објавено пред

Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец.

dobivaj vesti na viber

Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 5, а максималната ќе достигне од 12 до 16 Целзиусови степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје, исто така се очекува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура се очекува да се спушти до 0, а максималната да достигне до 15 Целзиусови степени.

Според синоптичарите, до среда ќе се задржи стабилно и релативно топло време. Утрата ќе бидат постудени со појава на слаба магла по одделни котлини. Во четврток и петок ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд.

Прикажи повеќе...

Македонија

Родителите на децата загинати во Пулс порачаа дека правда мора да има

Објавено пред

Родителите на загинатите во трагичниот пожар во „Пулс“  поладнево на  „Марш за ангелите“ порачаа дека нема да дозволат одговорните за трагедијата на нивните деца да ја избегнат правдата, иако, велат на обвинителната купа седат само дел од лицата поврзани со трагедијата.

dobivaj vesti na viber

-Суштината е одговорноста. Факт е дека денес на обвинителна клупа седат дел од лицата поврзани со трагедијата. Но, исто така факт е – болен, непобитен факт – дека постојат луѓе со многу поголема моќ, обврски и надлежности, кои воопшто не се ни опфатени. Луѓе кои имале должност да спречат, а не спречиле, рече Александар Наунов, претседател на Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“.

Тој, во изјавата за медиумите, истакна  дека се најавува свикување колегиум на обвинителите за повторно разгледување и евентуално ослободување на дел од обвинетите.

 

-Колегиумот (на обвинители) може да прегледува документи, но не може да брише факти, не може да брише пропусти, не може да брише нечии должности што биле игнорирани. Не може да избрише нечие непостапување кога тоа било прашање на живот и смрт, смета претседателот на ЗГ „16 март 2025 Кочани“.

Според Наунов, суштината не е во тоа кој трчал, кој се плашел, а кој спасувал, туку кој имал должност, а не ја извршил.

-Ние не сме овде за одмазда. Ние сме овде за правда. За ред. За систем што ќе ги штити децата – не систем што ќе ги остави да загинат. Родителите никогаш не се откажуваат. Можеби ќе нè уморите, но нема да нè скршите. Можеби ќе не одолговлекувате, но нема да не замолчите. Вистината ќе излезе на виделина, рече Наунов.

Протестниот марш денеска започна од „Паркот на Револуцијата“, а заврши пред Основниот суд и обвинителство во Кочани.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Гори Блискиот Исток, експлозии и денеска се слушаат во арапските држави во Заливот

Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во...

Свет6 часа

Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост

Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој...

Свет7 часа

Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми

Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која...

Свет9 часа

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет10 часа

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет10 часа

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет11 часа

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...

Свет11 часа

(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски гнев“: „За прв пат употребивме ново оружје“

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нема извештаи за американски жртви или повредени по нападот во Иран и дека...

Свет11 часа

Иран ги демантира извештаите за смртта на ајатолахот

Ирански извори остро негираа дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен. „Можам да ве уверам дека лидерот на револуцијата е стабилен...

Македонија12 часа

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за...

Свет12 часа

(Видео) Нетанјаху: Постојат многу знаци дека ајатолахот е мртов

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на иранскиот народ, велејќи им дека имаат „можност што се јавува еднаш во...

Свет12 часа

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов, тврдат Израелците

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. We...

Свет15 часа

(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи

САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа...

Македонија17 часа

Евакуација од Израел побарале 11 македонски државјани

Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, откако утринава САД и Израел го нападнаа Иран, соопштија од Министерството за...

Свет17 часа

ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран

Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна...

Свет21 час

Четири американски воени бази на Блискиот Исток нападнати од Иран

Иранската војска вели дека започнала напади врз четири американски воени локалитети во Катар, Бахреин, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати како...

Свет23 часа

Се откажуваат летови до Израел и други земји од Блискиот Исток

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ги суспендира летовите до и од Тел Авив, Бејрут и Оман до 7 март, откако САД и...

Македонија23 часа

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да побараат помош, воздушниот сообраќај е затворен за цивилни летови

Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба во Израел, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до...

Свет23 часа

Трамп потврди дека САД започнале напади врз Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека САД започнале напади врз Иран во осумминутно видео објавено на неговиот профил на...

Свет1 ден

САД и Израел започнаа заеднички напад врз Иран

САД учествуваа во нападите утрово во Иран заедно со Израел, потврди американски функционер за „Тајмс оф Израел“. Според израелски безбедносен...