Македонија
(Видео) Митева: Еден директор во Владата на Ковачевски дава тендер на сопругата на друг директор во Владата на Ковачевски
Агенција за катастар на недвижностите е уште еден доказ дека граѓаните ќе го надоместуваат недомаќинското работење на функционерите на Владата. Енормно поскапување на цените на услугите и до 500 отсто, поскапувањата кои се на товар на граѓаните и бизнисот во услови на економска криза се донесени поради спас на Катастарот од банкрот, изјави на денешната прес-конференција Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Но, каква е другата страна од приказната. Додека власта дава согласност, а директорот на Агенцијата за катастар, Борис Тунџев, носи одлуки за зголемување на катастарските услуги, неговата сопруга добива бизниси од државата. Но, не станува збор за она што досега го објавивме во јавноста, а се однесува за нејзината фирма „КБ енергосоларис“ ДООЕЛ Скопје, каде што сопругата на Тунџев добива лиценца за производство на струја од РКЕ на 34 години. Само за потсетување, Тунџева преку „КБ енергосоларис“ ДООЕЛ Скопје ја гради ФЕЦ „Соларис“ во општина Радовиш во 2019/2020 година на вкупна површина од 2.979 м2, истакна Митева.
Митева објави договор за геодетски услуги помеѓу ЈП „Железници – инфраструктура“, каде што директор е Хари Локвенец, кадар од СДС, и од другата страна е „Геопроект инжинеринг“ ДООЕЛ Скопје, сопственост на Светлана Тунџева, сопруга на директорот на Катастарот, Борис Тунџев, исто така кадар на СДС.
Таа додаде дека овој договор, оваа рамковна спогодба, е во висина од 2.360.000 денари. Тој е склучен на 26.5.2022 година. Договорот е во вредност од 40.000 евра во време кога платите за работниците во железници се несигурни, а железничкиот транспорт во Македонија никогаш не бил позапоставен.
Потписници на овој договор се Хари Локвенец како директор на ЈП „Железници – инфраструктура“ и сопругата на Борис Тунџев, директор на Агенцијата за катастар. Или, еден директор во Владата на Ковачевски дава тендер на сопругата на друг директор во в Вадата на Ковачевски.
Митева наведе дека Тунџева, покрај тоа што е сопруга на директорот на Агенцијата за катастар, и самата е во структурите на СДС, па таа е предложена и за заменик-член на избирачки одбор за избирачкото место 2650 во Карпош од партијата СДС. За тоа има доказ објавен во службен гласник на Општината. Додека нејзиниот сопруг директорува со Агенцијата за катастар и ги зголемува цените за услугите на оваа институција и 5 пати, неговата сопруга преку својата фирми склучува државни тендери во вредност од десетици илјади евра.
Почитувани, ова се договори што власта ги склучува за сопствени бизнис-интереси, додека енормно ги поскапува услугите што им се неопходни на граѓаните. Оваа власт мора да замине, истакна Митева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Здружението на судии загрижено за изјавите за Управниот суд: со нив се врши притисок врз судиите и судиското одлучуваљње
Здружението на судии во врска со реакцијата на Управниот суд на РСМ, ја искажува својата загриженост за изјавите на поединци со кои, како што се истакнува во соопштението, директно или индиректно се врши притисок врз судиите и судиското постапување и одлучување.
Како што велат, припадноста кон одредена политичка партија и можноста за идно владеење односно учество во извршната власт, не смее да се користи за коментирање, заканување или влијание врз судиското одлучување.
Оценуваат дека таквите изјави се штетни пред се за политичките субјекти кои ги пласираат во јавноста, а истовремено може да се разберат и како обид да се поткопа непристрасноста и интегритетот на судиите.
„Во однос на неоснованите обвинувања кои беа упатени на адреса на Претседателот на Управниот суд на РСМ, како Здружение на судии даваме целосна поддршка на колегите од именуваниот суд и напоменуваме дека секој избран судија е независен во своето одлучување и таа независност му е Уставно загарантирана. Па во тој правец и при најмал сомнеж за евентуален обид за притисок или влијание врз неговата работа, без разлика од кого доаѓа, е должен да ги извести надлежните судиски инстанци. Воедно, сите останати општествени чинители, а особено претставниците на политичките партии се должни да ја почитуваат загарантираната судиска независност што е во духот и на демократскиот развој и Европскиот просперитет на земјата“, потенцираат од ова здружение.
Македонија
Одбиена тужбата на „Европскиот фронт“ за избирачкото место во Долнени
Управниот суд ја одби како неоснована тужбата од Коалицијата „Европски фронт“ на решението на Државната изборна комисија (ДИК) за прифаќање на приговорот од Коалицијата „Твоја Македонија” за избирачкото место 1470 во Долнени на Парламентарните избори 2024.
„Европскиот фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024.
Досега Управниот суд ja одби како неоснована и тужбата за избирачкото место 1194, во Општина Крушево.
Македонија
Мицотакис со предупредување: Ако некои веруваат дека можат да го игнорираат Договорот, треба да разберат дека нивниот пат кон Европа ќе остане затворен
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис уште еднаш ја предупредува Македонија дека прекршувањето на Договорот од Преспа, со кој се реши долгогодишниот спор за името меѓу двата соседа, ќе ги загрози амбициите на балканската земја за членство во ЕУ, пишува грчки „Катимерини“
Говорејќи од градот Верија во северна Грција за време на неговата кампања пред изборите за Европскиот парламент во јуни, Мицотакис изјави дека трите меморандуми за разбирање поврзани со договорот од 2018 година нема да бидат ратификувани од Парламентот се додека новото раководство во Скопје продолжи со прекршување на договорот.
„Ако некои веруваат дека можат да го игнорираат договорот, треба да разберат дека нивниот пат кон Европа ќе остане затворен, а меморандумите нема да бидат ратификувани освен ако не се почитува она што го предвидува договорот“, рече тој.