Македонија
(Видео) Митева: Кој и да дојде како нов претседател во СДС, таа партија ќе тоне
Додека ВМРО-ДПМНЕ обезбедува единство и гради консензус за прашања важни за системот и развојот на државата, и тоа без никакви хипотеки кон никого, единствените противници на тоа се “децата” на Заев, како Венко Филипче и Славјанка Петровска. Тие наместо за граѓаните водат сметка за лидерската трка во партијата, кажа денеска на прес-конференција, Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.
„Измените во Законот за организација на работата на органите на државната управа се рационални и многу потребни, истите се работени и со претставници на ЕУ и се дел од ИПА програмата. Ниту еден политички чинител во државата не може да ги оспори или да не ги поддржи доколку и мисли добро на државата и нема никакви задни намери. За разлика од нашиот фокус на државните процеси, Венко Филипче и Славјанка Петровска ја ставија својата кариера пред интересите на државата. И од прв ден покажаа дека СДС ќе работи на план како да се запре прогресот на државата“, вели Митева.
Според неа, кој и да дојде како нов претседател во СДСМ, таа партија ќе тоне.
„Кој и да дојде како нов претседател во СДС таа партија ќе тоне, затоа што сите нивни кандидати, вклучувајќи ги Филипче и Петровска беа една од многуте причини за нивниот пораз. Но што реално да се очекува, кога знаеме дека Филипче е човекот кој остана запаметен како тендер мајстор во здравството. Филипче со денови се занимава со политика, но не видовме став зошто операционите сали не работат. Филипче како лекар, што го претставува како своја најголема предност во политиката молчи за тоа. Петровска пак е сосема друга приказна. Таа ќе остане запаметена по бројни политички гафови, по себе виктимизирањето во безброј случаи додека илјадници скандали беа поврзани со нејзиното менаџирање на министерството за одбрана каде припадниците на армијата го немаа третманот кој го заслужуваат, а условите беа вонстандардни“, истакна Митева.
Филипче и Петровска ги нарече добри ученици на Заев, но не и добри политичари за својата држава.
„СДС и со Филипче и со Петровска само ќе тоне. И во наредниот период ќе гледаме како партијата која се претставуваше себе си за европска и прогресивна заради политички калкулации ќе се противи на развојот на државата. Македонија е ставена на брза лента кон економска трансформација, евроинтеграции и немилосрдна борба со криминалот и корупцијата“, заклучи таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Милошоски-Бунфорт: потенцирана поддршката на Унгарија кон ЕУ интеграциите
Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски оствари работна средба со Жолт Бунфорт, специјален претставник за Западен Балкан на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан придружуван од Ѓула Шомоѓи, советник и Јулијана Армаш, советник, како и заменик шефот на мисијата Атила Фодор.
На средбата беше потврдена одличната македонско-унгарска соработка и подготвеност за понатамошно унапредување на односите на двете држави во повеќе области. Беше потенцирана заложбата за интензивирање на соработката во економската област преку реализирање на заеднички проекти, како и зближување на двата народа преку зајакнување на пријателските односи и културната размена.
Специјалниот претставник за Западен Балкан Бунфорт, ја потенцираше поддршката на Унгарија кон македонските ЕУ интеграции, истакнувајќи дека членството во ЕУ не претставува награда, туку признание за реформските напори и остварениот напредок во изминатиот период.
Македонија
(Видео) Петрушевски: Партнерството на СДС со бегалецот од правдата Артан Груби и ДУИ излегува на површина
Дали Јованка Тренчевска и СДС го бранат Груби и дали доброволно се пријавуваат заедно со сите свои колеги да седнат до Груби на обвинителната клупа, прашува Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Партнерството на СДС со бегалецот од правдата Артан Груби и ДУИ излегува на површина. Откако со години замижуваа и го одобруваа милионскиот криминал на тогашниот прв вицепремиер Артан Груби, сега кога треба да се соочи со правдата, се ставаат во негова заштита, па дури и ќе се жртвуваат и ќе тонат заедно со него. Имено, потпретседателката на СДС и поранешна министерка, Јованка Тренческа во однос на кривичната пријава за Груби вели дека одлуките на Владата биле колективни и дека ако се докаже дека има вина во случајот, треба сите заедно да одговараат“, вели тој.
Петрушевски додава дека СДС и ДУИ во паника и страв смениле 10 тези откако Груби бил уапсен.
„Дали потпретседателката на СДС го брани Груби за криминалот со кој државниот буџет го оштети за над 8 милиони евра? Или, пак, доброволно се пријавува заедно со сите свои колеги од тогашната влада да седнат на обвинителна клупа заедно со Артан Груби? Дали затоа нервозата во СДС и ДУИ е голема? Дали стравот им е толку голем од тоа што дополнително има да каже Груби? СДС и ДУИ во паника и страв сменија 10 тези откако Груби беше уапсен. Како тргнале до крајот ќе си признаат се“, рече Петрушевски.
Македонија
Тошковски: Безбедноста на нашите деца е заедничка обврска, тие се нашето најголемо богатство
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска присуствуваше на интерактивната куклена претстава што се одржа во Дом на култура „Билјана Белочанец“ во општина Кисела Вода, во организација на Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Театар Провокација, како дел од кампањата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“.
Тошковски потенцираше дека едукацијата на најмладите претставува еден од најважните сегменти во градењето сообраќајна култура и во заштитата на човечките животи.
„Безбедноста на децата е наш врвен приоритет. Преку вакви активности, кои на децата им се блиски и разбирливи, создаваме генерации што ќе ги почитуваат сообраќајните правила и ќе придонесуваат за побезбедни патишта. Министерството за внатрешни работи ќе продолжи активно да ги поддржува и да учествува во сите проекти насочени кон подигнување на свеста за сообраќајната безбедност“, истакна Тошковски.
Министерството за внатрешни работи и во иднина ќе продолжи со активности и кампањи насочени кон едукација на децата и младите како една од најранливите категории учесници во сообраќајот, со цел создавање побезбедна сообраќајна средина за сите граѓани, најавуваат од таму.

