Македонија
(Видео) Митева: Мерките на СДС И ДУИ – тие цареви на хонорарите, а за народот 1.000 денари изборен поткуп
„Предизборниот поткуп што го планираат СДС и ДУИ е очаен потег, ништо не ги спасува од пораз. Додека сметките на функционерите на СДС и ДУИ од месец за месец се зголемуваат, на народот му продаваат евтини приказни за наводни антикризни мерки во вредност од 1.000 денари“, рече Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Математиката е едноставна, но разликата голема и срамна, а изгледа вака: Ковачевски со предвиденото покачување зема 812.800 денари повеќе на годишно ниво. Тоа се 13.500 евра повеќе. Пендаровски зема 14.400 евра повеќе со покачувањето, исто толку зема и Талат Џафери. Тоа се над 40.000 евра или тоа се пари со кои може да се купи едно ново болничко возило. Вака некако изгледа бизарната политика на СДС и ДУИ – тие цареви на хонорарите, народот заробен во сиромаштија.
Таканаречените антикризни мерки не го решаваат проблемот, официјалните податоци потврдуваат дека 600.000 луѓе живеат со 150 денари на ден, тоа е секој 3-ти Македонец. Но, власта и на маката на народот ја гледа како сопствената корист и сака ова да го злоупотреби.
Овој потег на СДС и ДУИ е понижување за граѓаните, додека тие си делат милионски тендери и безмилосно трошат народни пари, на народот му подаваат помош од 1000 денари.
Ако СДС и ДУИ се надеваат дека граѓаните имаат кратка меморија, еве прилика да ги потсетиме: во 2020-тата година и 2021 година говореа дека потрошиле околу милијарда и 150 милиони од државниот Буџет да помогнат на стопанството и на граѓаните, а лагата им пропадна кога Државен завод за ревизија следната година констатираше дека помошта од страна на државата кон граѓаните и стопанството била само околу 280 милиони.
Залуден е обидот на власта “со иста фора втор пат”. Треба да се свесни дека на нивното време за брзо доаѓа крај, граѓаните по промената на владата ќе добијат вистински реформи кои ќе им го подобрат животниот стандард“, изјави Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода утре делови од Карпош и Кисела Вода
Без вода утре ќе останат делови од Карпош и Кисела Вода, информира Регионалниот центар за управување со кризи.
„Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека на ден 30.12.2025 година ( вторник ):
· поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Нобелова крстосница со ул. Хелсинки, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Нобелова, Виенска, дел од ул. Хелсинки и дел од ул. Лондонска. (Општина Карпош)
· поради изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Жил Верн бр. 10, од 10:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Жил Верн и ул. Есенинова. (Општина Кисела Вода)“, информира РЦУК.
Македонија
Утре без струја делови од Петровец, Студеничани, Сопиште и Ѓорче Петров
Утре без струја ќе останат некои од корисниците од општините Петровец, Студеничани, Сопиште и Ѓорче Петров, информира Регионалниот центар за управување со кризи.
„Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 30.12.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од с. Ќојлија. (Општина Петровец)
· од 08:30 до 09:30 часот, корисниците од селата: Драчевица и Цветово. (Општина Студеничани)
· од 08:55 до 09:55 часот, корисниците од селата: Горно Соње, Долно Соње , Чифлик и Света Петка. (Општина Сопиште)
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Веле Марков. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:30 до 14:30 часот, корисниците од дел од улиците: Димо Хаџидимов и Христо Татарчев. (Општина Кисела Вода)“, информира РЦУК.
Македонија
Утре претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за слаб локален снег
Утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, претпладне ќе биде сончево, попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Под влијание на студена воздушна маса во среда ќе дува засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе има услови за слаб дожд и снег на планините. За време на викендот ќе биде претежно сончево со пораст на температурата.

