Македонија
(Видео) Митева: На само еден месец пред избори ДУИ и СДС со скандалозни тендери во МОН
Фатени на дело, ДУИ и нивните слуги од СДС, само подлабоко се закопуваат во дупката што ја ископаа во образованието, истакна портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.
„На нивниот вчерашен прес, на целата Македонска јавност и потврдија дека незаконски изработуваат дигитални учебници, повикувајќи се на концепцијата за основно образование на Царовска. И сето тоа, само за некој милион повеќе во касата на ДУИ и СДС.
Само потврдија дека изработуваат дигитални учебници со сомнителен квалитет, со содржини кои никој не ги одобрил, во процедура надвор од законот, за милиони евра. Со новиот тендер, на фирмата која ќе го добие и се дозволува да врши измени и дополнувања и да додава содржини во веќе одобрените учебници.
Она што на тој прес не го кажаа од МОН е каде се учебниците по странски јазици за целото основно образование? Повторно ги прашуваме, дали намерно 5 години ги оставија учениците без ниту еден учебник по странски јазик, за парите предвидени за нивна набавка да ги пренаменат за некакви незаконски дигитални учебници?“, прашува Митева.
МОН, како што рече, треба да одговори и на прашањето како тоа тие објавиле конкурси за автори на учебници за 7 одделение, без јавно да има објавено програми за тоа одделение? „И дали тие конкурси им пропаднаа, па мораат да составуваат авторски тимови, се со цел да можат да направат тендер за нивна дигитализација на само еден месец пред избори? Зошто на МОН му се брза да направи тендерот за дигитализација на учебници и за 8 и за 9 одделение, а програми и учебници за овие две одделенија нема?!“
Праша и зошто во тој нов, според неа, незаконски тендер, повторно се бара обезбедување на платформа за дигитални учебници за 4, 5, 6 одделение и обука на наставен кадар за тие одделенија, ако само пред неколку месеци за таа намена, без конкуренција, на фирмата Тримакс и беше доделен тендер од 800.000 евра?
„Дали е тоа можеби затоа што овој пат тендерот без конкуренција е наменет за друга фирма, односно фирмата “Арс студио” на која во изминатите 2 години од страна на МОН и се доделени договори за превод во вредност од фантастични 6,5 милиони евра?“, истакна таа.
По изборите, како што оцени, новата влада која ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ детално ќе ги истражи овие незаконски набавки и секој украден денар од буџетот ќе го вратат на граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Кисела Вода и Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија информираат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од улиците Кујунџиска и Битпазарска, објектите лоцирани околу националната галерија Чифте Амам, како и дел од корисниците од старата чаршија. (општина Чаир)
– во периодот од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани околу ДИМ Маркет, како и дел од корисниците од улицата Речиште. (општина Кисела Вода)
Македонија
Поради протест блокирани повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни возила
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради давање водоводен приклучок од ф – 200 мм на улицата Титотвелешка б.б без вода ќе останат корисниците од населба Маџар Маало, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.30 часот па се до завршување на работата.

