Македонија
(Видео) Митева: Неодговорното работење на градоначалниците на СДСМ е минато
Раководењето со локалната самоуправа од страна на градоначалниците на СДСМ било спротивно на законот во многу сегменти, изјави Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Во Гази Баба склучувани се договори на дело со лица што не оделе на работа, а примале плата. Од она што до сега е утврдено во Општината, со договор на дело, во периодот од 4.1.2021 година до 21.9.2021 година ангажирани се 14 лица, а пет од нив воопшто не оделе на работа. Од овие 14 договори, 8 од нив биле склучени по распишување на локалните избори, што е спротивно на член 8а од Изборниот законик.
Во однос на ова, склучен е и договор со едно лице за консултански услуги за време на изборната кампања, и тоа, на 13.10.2021 година бил склучен договор со едно лице за консултански услуги од областа на легализацијата на дивоградби.
Дополнително, во ревизорскиот извештај во Гази Баба, направен во периодот од 14.1.2021 до 23.4.2021 година, дадено е мислење со резерва за реалноста и објективноста на прикажаните состојби во финансиските извештаи и со тоа е констатирано дека не се почитуваат законите и прописите“, истакна Митева.
Таа порача дека завршило времето на неспособноста и криминалотт на власта на СДСМ во нашите општини. Митева обвини дека СДСМ четири години ги потрошил за несовесно работење.
„Почнаа промените, веќе со сериозна динамика се реализираат проекти од страна на градоначалниците предводени од ВМРО-ДПМНЕ. Промените и новиот пристап на работа што го нудат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ веќе може да се види. На тој пристап народот му даде доверба на последните избори и тоа е наша обврска“, додаде Митева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

