Македонија
(Видео) Митева: Нови 3 милиони евра на тендер од Пановска за Пановски
Портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, на денешната прес-конференција обвини дека здравството во земјата, наместо да биде извор на лек и спасување животи, стана извор на сомнителни тендер. Милионските бизниси и фаворизирањето семејни фирми, како што рече, не е новитет за оваа Влада, а во секторот здравство, според Митева, тоа е и најизразено.
Таа зборуваше за, како што ја нарече, т.н. годишна пракса на Клиниката за хематологија, каде што директорка е Ирена Пановска-Ставридис, да се даде тендер на веледрогеријата „Д-р Пановски“, каде што сопственик е татко ѝ.
„Тендер вреден над 3 милиони евра!
Ова е договорот што е склучен на 1.9.2023 година за набавка на стоки склучен помеѓу ЈЗУ УК за хематологија како договорен орган и АД ‘Д-р Пановски’ како носител на набавката. Од документацијата може да се забележат неколку работи. Прво, станува збор за единствен понудувач, односно на овој тендер како единствен понудувач се јавила токму фирмата на таткото, а ќерката е директорка на Клиниката, која го распишува огласот. Дополнително, при склучување на договорот Клиниката за хематологија е застапувана од заменик-претседателот на управниот одбор, која е овластена со решение да може да склучува договор, а одлуката за избор на најповолен понудувач е донесена од директорот кај договорниот орган, односно ќерката за најповолен понудувач си го избрала таткото.
Ова не е прв договор што сопственикот на АД „Д-р Пановски“ го добива од својата ќерка. ДКСК веќе еднаш отвори случај пред неколку години, кој сè уште нема никаква завршница за други тендери исто така во висина од 3 милиони евра, кои биле дадени од ќерката на таткото Пановски“, рече Митева.
Ова, според неа, е доказ дека неказнивоста на криминалот значи поддршка на криминалот.
„Власта на СДС и ДУИ нема кочница, за нив залудни и безначајни се безбројните скандали, кои го урнисаа здравството кога за нив нема одговорност, туку, напротив, СДС и ДУИ продолжуваат да го стимулираат создавањето бизнис-империи“, порача Митева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

