Македонија
(Видео) Митева: Официјален јазик за меѓународна употреба е македонскиот, Османи да поднесе одговорност и оставка

Фрапантно е тоа што Бујар Османи се посрамоти и како министер, кој е обврзан да ги спроведува уставот и законите, покажува елементарно непознавање или свесно ги крши, а со тоа директно предизвикува етничка нетрпеливост, изјави портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.
„Во согласност со Уставот, единствен официјален јазик за меѓународна употреба е македонскиот јазик! Тоа е утврдено во амандманот 5 став 1. Во овој амандман ставот 1 јасно вели дека службен јазик на целата територија на Македонија и во меѓународните односи е македонскиот јазик!
Ставот 2, пак, укажува дека службен јазик кој го зборуваат 20 % од граѓаните е службен јазик на територијата на Република Македонија, но не е официјален јазик за меѓународна употреба. Јасна дистинкција е направена во Уставот за тоа кој е официјален јазик за меѓународна употреба и тоа е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо“, рече Митева.
Таа му порача на Османи да престане, како што вели, да ја манипулира јавноста затоа што дури и во Законот за употреба на јазиците во ниту еден член и во ниту еден став не се споменува дека друг јазик наместо македонскиот е официјален јазик во меѓународните односи.
„Би сакале да го информираме Бујар Османи и за ставот на Врховниот суд, кој вели дека Уставот може и директно да се применува, што воедно и спасува од погрешна примена на ваквите неуставни закони донесени со обично мнозинство. Затоа бараме извинување, одговорност и оставка од Бујар Османи за нарушување на угледот на државата преку непочитување на Уставот и законите“, изјави Митева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Кривична пријава против директор на училиште во Липково за злоупотреба на службената положба и овластување

Полицијата поднесе кривична пријава против директор на училиште во Липково за злоупотреба на службената положба и овластување.
Според информациите од МВР, СВР Куманово поднесе кривична пријава против Г.Г.(51) од с.Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Во текот на 2024, пријавениот, како директор на основно училиште во Липково, склучил договор за вработување, без претходно да обезбеди финансиски средства од Министерство за финансии и без објавување на јавен оглас, оштетувајќи го буџетот на државата во вкупен износ од 577.550 денари.
Македонија
Апел до скопјани за рационална и совесна употреба на водата за пиење, повторно има енормна потрошувачка

ЈП Водовод и канализација – Скопје ја информира јавноста дека се продолжува со енормно зголемената и неконтролирана потрошувачка на вода на дневно ниво, што предизвикува повторно нарушување на стабилноста на водоснабдителниот систем.
Како последица на сето ова, градскиот водоводен систем функционира со намален притисок и со повремени прекини на вода во делови од градот. Стабилизарање на водоснабдителниот систем се очекува во период по 23 часот.
„Имајќи го предвид фактот дека градот Скопје се снабдува од природен извор со ограничени количини вода за пиење од непроценлива вредност, апелираме до сите граѓани на градот Скопје за рационална и совесна употреба на водата за пиење, како и избегнување непотребно трошење на водата за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за перење автомобили, за полнење на базени и сл“, велат од Водовод.
Од таму апелираат до органите на локалната самоуправа, согласно надлежностите, преку службите со кои располагаат, како и преку Месните заедници на територија на општините, да се ангажираат во подигање на свеста кај жителите на општините за рационално користење на водата за пиење.
Апел до граѓаните на град Скопје, доколку забележат див приклучок, истиот да го пријават на 02 3073 010, [email protected]или www.vodovod-skopje.com.mk
Со дивите приклучоци, велат од Водовод, се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснадбувањето до сите корисници во град Скопје
Македонија
Поради пожар без вода ќе бидат Чаир и Железара

Поради денешиот пожар има прекин на електричната енергија во пумпена станица Гази Баба која го снабдува со вода резерварот Гази Баба, информира Центарот за управување со кризи.
Од таму велат дека поради прекин со електричната енергија од страна на ЕВН можни се прекини во водоснабдувањето на населените места Општина Чаир и Железара.