Македонија
(Видео) Митева: Последиците од преговорите со Бугарија се резултат на катастрофалните политики на СДСМ, Ковачевски и Османи
Уште еднаш се потврди дека општата загриженост за начинот на кој се водат преговорите во Бугарија од страна на владата на СДСМ е оправдана. Уште еднаш се потврди дека последиците кои произлегуваат од преговорите се резултат на катастрофалните политики на Владата, посочи Марија Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ.
„Уште еднаш Бугарија има причина плус да прогласи успех, додека власта во Македонија има причина повеќе за молк. Уште еднаш се потврди дека за штетните политики македонската јавност дознава од соопштенија на бугарските власти. Таканаречениот успех е уште еден пораз за македонската историја, за македонскиот идентитет и за македонската посебност. Владата на Ковачевски молчи, додека бугарската страна слави за успех во преговорите со историската комисија. Таканаречената позитивна атмосфера во преговорите овој пат резултира со договор за Цар Самоил. СДСМ, Ковачевски и Османи безидејни како да го прикријат ова со денови одбегнуваат да дадат конкретни одговори на македонската јавност. Ниту граѓаните, ниту пратениците не се информирани што е договорено во историската комисијата и за кој напредок Бугарија прогласи успех“, рече Митева.
Запраша што содржи овој таен договор, дали се откажаа од јазикот и кој е договорот за Цар Самоил. Според неа, нетранспарентноста на власта во преговорите ги доведува во прашање националните интереси на Македонија.
„Ковачевски и Османи ги водат преговараат кои задираат во македонскиот идентитет, јазик и историја зад затворени врати и тоа само ги потврдува сомнежите на граѓаните. Ковачевски е должен да ја информира јавноста што до сега се преговарало, а Османи истото да го стори тоа пред пратениците во Собранието“, рече Митева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

