Македонија
(Видео) Митева: СДСМ ѝ дозволува на Бугарија да го уредува македонското законодавство на штета на македонските интереси
Вистинската намера на Бугарија, а воедно и покорувањето на власта на СДСМ и ДУИ кон Бугарија се покажа на дело. Намерата на Бугарија да го уредува македонското законодавство се гледа во реакцијата на официјална Софија, со став дека Законот за здруженија и фондации е всушност против бугарските здруженија. Бугарското МНР минатата недела изрази загриженост поради фактот што дури и власта со 67 гласа ЗА го поддржа и ги изгласа измените на законот за здруженија и фондации, и немаше ниту еден глас против, изјави на денешната прес-конференција Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Таа наведе дека по ваквите реакции на Софија, власта на СДСМ и ДУИ со покорувачки чин преку прес-конференција одржана од Бујар Османи, и тоа од Софија, најави дека ќе ѝ препорача на нашата Влада по неодамна усвоените измени на Законот тој да биде испратен до Венециската комисија, со цел таа да утврди дали навистина во него има нешто спорно, како што тврди Софија. Додека оваа власт на СДСМ И ДУИ се покорува, бугарската влада е уште порешителна во одбраната на своите позиции. И не се откажуваат од „Цар Борис Трети“. Власта по секоја цена очекува да ѝ се допадне на Бугарија притоа нанесувајќи ненадоместлива штета на македонскиот народ и македонската држава.
Митева истакна дека оваа власт на СДСМ и ДУИ наместо да ги штити нашите интереси, во континуитет ги распродава. Владата очекува и се надева дека Венециската комисија ќе го потврди таквиот став. Имено, сега ретерираат и велат Законот ќе биде дел од скрининг-процесот што практично значи дека без прифаќање на истиот од страна на Бугарија, Македонија ќе биде повторно под вето од Бугарија. Тоа значи дека власта дозволува и одобрува во Македонија да се формираат здруженија што ќе шират национална омраза и нетрпеливост. Овој клуб провоцира и носи име на човек којшто во македонската историја нема добра улога, кој бил соработник на нацистите во Втората светска војна. Ова е скандалозно, ова ниту една држава не го дозволува во светот, тоа е спротивно на сите меѓународни стандарди.
СДСМ уште еднаш докажа дека никогаш не ги застапувала интересите на Македонија и на македонскиот народ, напротив Социјалдемократскиот сојуз води поданичка и покорувачка надворешна политика која поддржува клубови именувани по фашистички соработници, изјави Митева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

