Македонија
(Видео) Митева: Шилегов и Богдановиќ го уништуваат Скопје, исечен е дрворедот на „Орце Николов“

Портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, ги обвини градоначалниците на Скопје и Центар, Петре Шилегов и Саша Богдановиќ, дека продолжуваат да го уништуваат Скопје со сечење на дрвја на улицата Орце Николов.
„Решија да го уништат и еден од најубавите дрвореди во Скопје, со срамно образложение дека дрвата биле стари и болни. Не работат ништо, напротив само уништуваат. Ова е вистинското лице на Шилегов и Богдановиќ, ова е нивната поинаква приказна за Скопје“, рече Митева.
Таа вели дека Шилегов, Богдановиќ и Заев на 15 мај имале прес-конференција на улицата Орце Николов за реконструкција на само еден крак од улицата и зборувале за некаква нивна заложба за поубаво и поурбано Скопје, а сега по неполн месец скопјани се вознемириле од глетката.
„Отстранети се 13 дрва. Граѓаните добија ветување од градските власти дека нема да биде исечено ниту едно дрво. Но, еве го резултатот од нивните ветувања. Дали староста и пропаѓањето на дрвјата ја откривате баш тогаш кога вршите реконструкции или проширувања на улици?“, ги праша Митева градските власти.
Според неа, ова јасно покажува дека Богдановиќ и Шилегов немаат долгорочен план на одржливост, ниту знаење или свест за тоа што значи концептот одржлив град.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Галетановски: Возилото е изгорено целосно, ниту сум скаран со некој, ниту некој ми се заканувал

Претседателот на Градската организација на СДСМ, Ѓорѓи Галетановски се огласи на социјалните мрежи откако ноќеска му беше запалено возилото.
„Да, возилото мое е изгорено целосно. Ниту сум скаран со некој, ниту некој ми се заканувал, нити наштетил. Сум помагал и ќе помагам на кого можам секогаш. Секоја чест на пожарникарите, што пристигнаа за 3 минути, и пламенот не ги зафати куќите.
Апелирам до министерот, и до Министерство за внатрешни работи и надлежните најскоро да го најдат сторителот, не поради финансиска загуба, поради мирен живот во Скопје и цела држава на сите граѓани. Има и сејф сити и камери окулу, да се надеваме дека мирот ќе биде вратен“, напиша тој.
Македонија
СДСМ ги осудува криминалниот чин и палењето на возилото на Галетановски: МВР веднаш да го расчисти случајот

СДСМ најостро го осудува криминалниот чин и палењето на возилото на претседателот на Градската организација, Ѓорѓи Галетановски.
„Со доаѓањето на ВМРO-ДПМНЕ на власт безбедноста на граѓаните е сериозно загрозена.
МВР наместо да се занимава со тоа како лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ да земат милионски тендери нека земе конечно нешто да работи.
Бараме МВР и сите надлежни институции веднаш да постапат, целосно да го расчистат случајот и сторителите да одговараат“, велат од СДСМ.
Македонија
За една недела „пајакот“ кренал 132 возила во Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 01.09. до 07.09.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 132 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.