Македонија
(Видео) Митева: 100 милиони евра во време на Ковид-19 завршија во фирмите блиски до СДС и ДУИ
100 милиони евра за наводна помош на компаниите, но никој не знае за што, како и кај кого завршиле овие пари е само уште еден доказ за ограбена држава, истакнува портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.
„Според власта на СДС и ДУИ, уредбите со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите од приватниот сектор требаше да биде погодна за 87 отсто од компаниите. Но каде завршуваа парите. Најверојатно се мислеше на „ИГМ Еленица“ која беше едно од претпријатијата добитник на државна помош за исплата на минимални плати за време на кризата предизвикана од коронавирусот. Со акционерското друштво управува Трајче Заев, братучедот на Зоран Заев, додека Вице Заев, братот на тогаш актуелниот претседател беше Член на Управниот одбор. Вака завршуваа парите од т.н државна помош.
Дополнително, дека мерките не вродија со плод говори и фактот на бројот затворени фирми во пост ковид годините, 2021 и 2022 година. За овие две години вкупно се затвориле близу 14.000 фирми.
Па тука сосема логично се поставува прашањето, каде завршија 100 милиони евра државна помош за компаниите ако имаме вакви статистики и бројки кои го покажуваат спротивното?“, прашува Митева.
Според неа, СДС и ДУИ манипулирајќи на овој начин со години ја трошеле државната каса за свои приватни цели.
Суровоста на математиката, како што вели, го потврдува тоа, а фактите се следни: наместо за народот, парите завршуваа кај фирми блиски до власта на СДС и ДУИ.
За ова одговорност мора да има, нагласува Митева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

