Македонија
(Видео) Митева: 1.200 евра повисоки плати за премиерот и претседателот, а 1.000 денари за народот
„78 проценти покачување на функционерските плати се многу повеќе од 100 денари што Владата на СДС и Ковачевски ќе им ги даваат на пензионерите и студентите само неколку месеци. Станува збор за реален изборен поткуп со кој се потценуваат нашите сограѓани. Трошки за народот, за функционерите од Владата зголемени плати“, рече Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„И додека Владата на СДС и премиерот Ковачевски го користи државниот буџет за поткуп, според податоците на официјалните институции и одлуката на Уставен суд со коефициент 4,5 помножен со минатогодишната бруто-плата која изнесуваше 47.000 денари, премиерот Ковачевски кој до март месец земал плата од 88.260 денари, изминатите 9 месеци зема плата од 156.000 денари, или за цели 67.740 денари покачување. 67 илјади денари повисока плата за Ковачевски, а 1000 за народот изборен поткуп.
На шефот на државата, Стево Пендаровски, кој примал 92.000 денари сѐ до одлуката за зголемени плати со 78-процентното покачувањето на сметката, месечно му легнуваат 165.000 денари, односно со покачувањето над 1.200 евра, сега платата на Стево му се пресметува над 2.600 евра месечно. Значи, покачување од 1.200 евра за Пендаровски, а за народот трошки од 1.000 денари изборен поткуп.
Највисока плата со покачувањето од 78 проценти зема и спикерот на Собранието, Талат Џафери, со 166.000 денари месечно. Ова значи дека со покачувањето над 1.000 евра, претседателот на Собранието, Џафери, премиерот Ковачевски и шефот на државата, Пендаровски, ќе добијат зголемување на платата над 50 евра повеќе за секој работен ден.
Инаку, функционерските плати ќе продолжат да растат и в година, односно ќе бидат поголеми и до 400 евра бидејќи според законот тие растат согласно растот на просечната плата во државата.
Револт има и кај студентите кои сметаат дека таканаречената помош од 1.500 денари не значи помош, туку нивно потценување, бидејќи цела година протестираа и ја молеа владата на СДС и премиерот Ковачевски, да ги исполни нивните барања односно наместо 120 денари да изнесува 140 денари, бидејќи во услови на двоцифрена инфлација не им се доволни за бурек и јогурт, а не пак за здрав оброк.
Па, така, оваа краткорочната помош на Владата на СДС за пензионерите, студентите и за средношколците нема споредба со покачувањето на функционерските плати, со оглед дека 78 проценти покачување на функционерските плати се многу повеќе од 1.500 денари, што Владата и Ковачевски ќе им ги даваат на пензионерите и на студентите, е само уште еден неуспешен обид за масовен изборен поткуп преку користење на државните ресурси“, изјави Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект
Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во продолжение на процесот започнат за спојување на ВЛЕН во еден субјект, објави на социјалните мрежи лидерот на движењето Беса, Билал Касами.
„Собранието на Движењето оцени дека треба да се отвори патот за структурирање на ВЛЕН и ја донесе оваа одлука врз основа на мораториумот за партиски активности од страна на субјектите што го сочинуваат ВЛЕН.
Во оваа прилика, Собранието ме овласти мене како претседател да продолжам со разговорите за иднината на ВЛЕН, давајќи поддршка на спојувањето во еден субјект, со решение што го почитува принципот на правда и го слуша гласот и волјата на гласачите на ВЛЕН и сите Албанци“, соопшти Касами.
На состанокот на Собранието, како што вели, била дискутирана и работата на функционерите на Движењето Беса во Владата.
„Членовите на собранието ја поддржаа мојата изјава дека Беса има капацитет за многу повеќе работа отколку што е сработено досега.
Анализата на работата на функсионерите ќе продолжи во наредните денови, додека наодите ќе бидат одразени во идната реконструкција на Владата.
Движењето Беса верува дека позициите во Владата се средство за наша најдобра и најефикасна служба на сите граѓани, а особено на Албанците, и сите идни одлуки ќе бидат засновани на овој принцип“, додава Касами.
Македонија
Од утре Мицкоски во Минхен на безбедносната конференција: во фокусот, геополитичката стабилност и улогата на Македонија како столб на стабилност во Западен Балкан
Oд утре (петок) премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе биде во неколкудневна посета на Сојузна Република Германија, каде ќе присуствува на 62-та Минхенска безбедносна конференција.
Во рамки на конференцијата, Мицкоски ќе оствари серија билатерални средби со европски лидери, високи претставници како и челни луѓе на меѓународните безбедносни организации.
Во фокусот на разговорите ќе бидат геополитичката стабилност на регионот, нагласувајќи ја улогата на Македонија како столб на стабилноста во Западен Балкан и активен придонесувач во НАТО алијансата.
Исто така премиерот Мицкоски на средбите и состаноците ќе ја реафирмира позицијата на државата за неопходноста од предвидлив и фер пат кон полноправно членство во ЕУ, без наметнати билатерални пречки.
На маргините на конференцијата, предвидени се средби со високи претставници на Европската Унија како и со шефови на влади и држави.
Македонија
Филипче да каже зошто со Заев дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на закон, кои им биле мотивите и кој и колку профитирал, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Филипче жестоко се обидува да го одбрани својот ментор Заев и поврзаноста на луѓето блиски до СДС во последниот скандал со запленетата марихуана, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче и кланот Заеви, Македонија ја претворија во Балкански „нарко-центар“, каде наместо медицинска се произведувала марихуана за црниот пазар. Запленетите 40 тони марихуана, директно водат до фирми блиски до Заев и Филипче.
Венко Филипче е без кредибилитет. Нема афера и скандал, а тој и Заев да не се вплеткани. Филипче и Заев се синоним за криминал, корупција, импровизации, нетранспарентни одлуки и контроверзи. Филипче е човекот кој го уништи здравствениот систем во државата“.
Македонија во време на владеењето на СДС, додаваат од владејачката партија, Зоран Заев и Венко Филипче, наместо строго контролирано производство на канабис за медицински цели, беше претворена во балкански нарко центар за шверц на марихуана на црниот пазар.
Според нив, факт е дека темелите на бизнисот за марихуана ги постави владата на Зоран Заев во 2020 година, додека Филипче беше министер за здравство.
„Владата на СДС делела лиценци на фирми поврзани со Зоран и Вице Заев, а резултат на тоа, денес се тони дрога и сериозни безбедносни последици за државата.
Факт е и дека околу 70 проценти од запленетата дрога деновиве е на фирма во сопственост на луѓе на Заев.
Медицинската марухуана била параван за организиран криминал во огромни размери“.
Прашуваат, зошто Заев лично се интересирал за случајот со петте тони марихуана запленети во Србија?
„Зошто Заев и Филипче дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на закон, кои им биле мотивите и колку профитирале?
Дали измените на правилникот се донесени по конкретна насока од Заев, и дали со нив се отворил простор за можни злоупотреби и незаконска трговија?
Одговорност мора да има“.

