Македонија
(Видео) Митревски: Јасно е, македонскиот и бугарскиот народ се два народа

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски, истакна дека никој нема забелешки на предложениот текст на уставните измени.
„Со усвојување на уставните измени го продолжуваме европскиот пат со полноправно членство 2030 година. Ова е историска шанса. Како пратеници сме и претставници на граѓаните, а тие сакаат да живеат во земја членка на ЕУ. Граѓаните може да видат дека нема простор за загриженост. Уставните измени не загрозуваат ништо, ниту едно идентитетско прашање, а го отвораат патот кон ЕУ“, рече Митревски.
„Времето потврди дека манипулациите се лажни. Уставните измени не се ничиј диктат, ниту нечиј поединечен предлог, туку се дел од преговарачката рамка на Македонија. Со внесувањето на делот од бугарскиот народ што живее во нашата земја јасно се разграничува дека се работи за 3.600 наши сограѓани со таква свест за разлика од повеќе од милион со македонска свест, со своја култура и меѓународно признат јазик. Јасно станува дека македонскиот и бугарскиот народ се два народа“, додаде координаторот на пратеничката група на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нов топлотен бран во наредните денови, се очекуваат температури до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во текот седмицата времето ќе биде сончево и многу топло со појава на локална облачност преку денот. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа се очекува да достигне и 40°C.
Македонија
Дел од Карпош без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач (шибер) од ф 200 мм на булеварот Партизански Одреди бб (до поликлиника Букурешт), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од булеварот Партизански Одреди, на потегот од поликлиника Букурешт до бензинска пумпа ОКТА, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.
Македонија
Без струја дел од општина Бутел

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот корисниците на улица кај керамика Имола под обиколницата во Визбегово (општина Бутел).