Македонија
(Видео) Митрески до опозицијата: Не знаете што правите, нервозни сте поради одлуката од Стразбур
ВМРО-ДПМНЕ не знае што прави во Собранието, јасно е дека целата нервоза е поради одлуката од Стразбур, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски вечерва од собраниската говорница.
„Вчера цело време забележувавте зошто работиме до 18 часот и велевте дека морате да реагирате затоа што таква ви е насоката од партијата. Денеска велите зошто работиме после 18.00 часот. Не знаете што правите. Ја разбирам нервозата на ВМРО-ДПМНЕ а таа е поврзана до одлуката од Стразбур“, рече Митрески.
Координаторот на пратеничката група на СДСМ посочи дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ наместо дебата и издржана дискусија само одолговлекуваат, реплицирајќи си меѓу себе, со Левица, со нивниот коалициски партнер.
„Меѓу себе си реплицирате, со вашиот коалициски партнер. Се мислевме дали го чекате вашиот вистински лидер Апасиев да дојде и со него да си реплицирате“, додаде Митрески.
Тој побара 1 час пауза за ВМРО-ДПМНЕ да се договори што ќе прави
-Бидејќи не може да се договорите што ќе правите и што правите, барам 1 час пауза за да може меѓу себе да се договорите што ќе правите, посочи Митрески.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

