Македонија
(Видео) Митрески: Предвремени избори нема да има
За укинување на техничка Влада потребен е консензус, предвремени избори нема да има, ВМРО-ДПМНЕ прави театар изјави на денешната прес-конференција Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата.
Тој додаде дела техничката Влада беше формирана по Пржинскиот договор за да се одржат фер и демократски избори во 2016 година и според тој договор таа техничка Влада или пржинската Влада требаше да биде активна само за изборите 2016 година.
После губењето на власта ВМРО-ДПМНЕ беше против укинување на пршинската Влада и мора да констатирам дека прво добро е што ВМРО-ДПМНЕ по толкав период признава дека нашата држава има институции коишто можат да спроведат фер и демократски избори и за разлика од 2016 година кога нашата држава беше категоризирана како заробена држава денес е држава којашто може да спроведе такви избори признаени од сите, фер, демократски и слободни кредибилни избори.
Митрески наведе дека во врска со тоа што го наметнува ВМРО-ДПМНЕ како прашање и како теза тие спорат две работи.
Првата работа иако на одговор на прашање дека техничката Влада не е условена со одржување предвремени парламентарни избори јасно е на стартот и на сите изјави дека условувањата се со предвремени парламентарни избори. Затоа сакам да спорам две работи за овој нивни предлог. Првата е начинот на којшто е доставен овој предлог, а тоа значи дека и според договорот пржински значи дека измените на Законот за влада треба да биде консензус помеѓу четирите најголеми политички партии во Собранието, а не на ваков начин со еднострано изразена волја на една партија.
И второ, тајмингот на поднесување на овој закон кога сите знаеме дека предвремени парламентарни избори нема да има, има редовни избори во 2024 година и фактички има време четирите најголеми политички партии да дискутираат и да имаат консензус во врска со техничката Влада. Очигледно безидејноста на ВМРО-ДПМНЕ во овој период , во овој тежок период кога државата се соочува и со енергетска криза и со кризата предизвикана од пандемијата, со борбата за зачувување на животниот стандард на граѓаните нема што друго да понуди освен да прави политички театар за јавноста, додаде Митрески.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
РСБСП Апелира: Возете внимателно и одговорно во зимски услови!
Според прогнозите во наредните денови се најавени снежни врнежи и значителен пад на температурите, РСБСП потсетува на потребата од внимателно и одговорно управување со моторните возила, како и задолжително правилно користење на зимска опрема. Пред поаѓање на пат, неопходно е возилото соодветно да се подготви за управување во зимски услови.
„Направете проверка на возилото која вообичаено опфаќа: проверка антифриз, нивото на гориво, состојба на бришачите и течноста за ветробранското стакло, состојбата на акумулаторот и состојбата и притисокот на пневматиците“.
РСБСП апелира возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и поставената сообраќајна сигнализација, навреме да се информираат за состојбата на патиштата и нивната проодност, да ја прилагодат брзината на движење според условите и состојбата на патот, да одржуваат безбедно растојание меѓу возилата – со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Истражувањата покажуваат дека неповолните временски услови бараат од возачот поголемо внимание за време на управување со возилото.
Затоа, РСБСП упатува јасен апел: Само со одговорно однесување во сообраќајот сите заедно можеме да придонесеме за побезбеден сообраќај на патиштата – секој живот е важен.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд и снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -2, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Времето во наредните денови
Во сабота ќе има локални врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во пониските од дожд и снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, а висината на снежната покривка дополнително ќе се зголеми.
Во недела и понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 60 km/h) и ќе има повремени локални врнежи од снег. Температурата ќе биде во опаѓање, а наместа дневната ќе остане под нула степени. Од вторник следува период на стабилно и суво време.
Македонија
Делови од Центар и Зелениково денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач од ф – 100 мм на ул. 5 бр. 47 во село Моране, во периодот од 08.30 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од село Моране, општина Зелениково.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека поради уличен дефект на ул. Васил Ѓорѓов б.б – пред ОУ Киро Глигоров, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улиците Васил Ѓорѓов, Адам Мицкиевиќ, дел од корисниците од улиците Киро Глигоров и Козара, како и објектот на заводот за физикална медицина и рехабилитација, општина Центар.

