Македонија
(Видео) Михаилоски: Студентите да се пријават за мерката субвенциониран оброк
Претседателот на СДММ, Марко Михаилоски, денеска соопшти дека измената што ја иницира Социјалдемократската младина, субвенциониран студентски оброк за 40.000 активни студенти, е во финална фаза на реализација.
Од први август, како што рече Михаилоски, почнато е аплицирањето за остварување на правото на сите редовни студенти.
Тој потсети дека Министерството за образование и наука веќе објави и јавен повик.
Со ова, според него, 40.000 активни студенти секој месец на својата сметка ќе добиваат по 2.400 денари за субвенционирани оброци.
„Со оваа мерка речиси 15 милиони евра директно ќе завршуваат на трансакциските сметки на студетните. СДСМ постојано инвестира во унапредување на условите за живеење во студентските домови. Минатата година заврши целосното реновирање на најголемиот студентски дом ‘Гоце Делчев’. Инвестициите во подобри услови за студентите ги сметаме за капитално вложување во иднината на државата. Токму затоа годинава почна и проектот за енергетско-ефикасна рехабилитација на студентските домови, почнувајќи од домот ‘Стив Наумов’, а ќе продолжи во студентските домови во Прилеп, Битола, Охрид и во Штип“, нагласи Михаилоски.
Целта е, како што рече, да се обезбедат европски стандарди за студирање и работа дома.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

