Македонија
(Видео) Мицкоски: Аферата „Броило“ е воено профитерство на Ковачевски
На денешната прес-конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на аферата „Броило“ истакна дека аферата „Броило“ е воено профитерство на Ковачевски и е лош пример за сите во државата коишто имаат такви амбиции, затоа е потребно многу внимателно да се следи и од ДКСК.
„Денеска гледам има став од Антикорупциската комисија, ако не се лажам, од претседателката Билјана Ивановска, дека таа не видела случај без да ја види претставката што евентуално како политичка партија би ја поднеле до Државната комисија за спречување на корупцијата. Се надевам дека нема да дејствуваат експресно како што тоа го направија денеска на прашање на еден медиум, и се надевам дека многу сериозно ќе му пристапат на овој случај. Ќе го следиме овој случај многу внимателно, бидејќи во услови на криза некој профитира на грбот на граѓаните. На времето ги нарекуваа воени профитери, народот едвај врзува крај со крај, од први до први, компаниите се борат да опстанат, а некој профитира на грбот на народот, тргува со влијание. Тоа е многу лошо, тоа е лош пример за сите во државата коишто имаат такви амбиции, затоа многу внимателно нека го гледаат овој процес, а и ние ќе го следиме внимателно“, истакна Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

