Македонија
(Видео) Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прифаќа да се договори датум за избори во Собрание, бидејќи Ковачевски е докажан кукавица, нека именува друг кој е похрабар
„Ние немаме намера да влегуваме во партиска преписка со тоа дали треба лидерска средба или нема да има лидерска средба. Нема да влегуваме во менталниот склоп на фрустрирани луѓе, доколку ценат дека на тој начин ќе излеземе од потенцијалната политичка и уставна криза, нема проблем прифаќаме се и во Собрание нека биде, еве работни групи нека седнат нека разговараат“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање, при денешната теренска активност на терен со граѓаните во Општина Штип во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените!
Претседателот Мицкоски побара од Ковачевски да именува луѓе кои ќе бидат подготвени да разговараат за датумите за одржување на претседателски и парламентарни избори, бидејќи како што рече Ковачевски се однесува кукавички затоа што постојано бега од избори, лидерска средба и дуели.
„Ако се плаши Ковачевски, барем од ова досега што го гледаме е докажан кукавица, бега од избори, бега од дуели, бега од новинарски прашања, континуирано бега од нешто. Ако тој се плаши нека именува луѓе кои се подготвени да седнат со луѓето од ВМРО-ДПМНЕ и да разговараат, бидејќи за неколку месеци од денеска имаме два клучни процеси за иднината на Македонија, а тоа се претседателски и парламентарни избори“, посочи Мицкоски и додаде:
Ние само сакаме да помогнеме во процесот, да додадеме вредност на процесот за да има предвидливост и да се знае кога почнува нештото и кога нештото завршува. Еве во ред, го разбирам бега човекот, исплашен е, кукавица е. Но, тој што е некој похрабар нека седне со тимот од луѓе кои што ВМРО-ДПМНЕ ќе ги номинира, било каде сака, само нека ги договорат работите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја делови од општините Илинден и Кисела Вода
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат делови од општините Илинден и Кисела Вода.
Од 08:30 – 09:30 часот, корисниците од улицата бр. 34 во населба Илинден, општина Илинден ќе немаат струја.
Без електрична енергија од 09:00 – 13:00 часот, ќе бидат корисниците од дел од улицата Востаничка во општина Кисела Вода.
Македонија
Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК
Управниот суд оформи седум предмети за поднесените тужби од „Европскиот фронт“, кои се против одлуката на Државната изборна комисија (ДИК) за одбивање на приговорите за парламентарните избори.
„Со оглед на роковите за постапување и одлучување, Управниот суд итно ги презема сите процесни дејствија согласно Изборниот законик“, се вели во соопштението.
- Решение бр.УП1 бр.10-21/2 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр.87/24;
- Решение бр.УП1 бр.10-21/1 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр.88/24;
- Решение бр.УП1 бр.10-15/1 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр.89/24;
- Решение бр.УП1 бр.10-17/2 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр.90/24;
- Решение бр.УП1 бр.10-17/1 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр.91/24;
- Решение бр.УП1 бр.10-6 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр.92/24;
- Решение бр.УП1 бр.10-19/1 од 14.05.2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр.93/2
Попладнево Управниот суд одржа јавна седница по тужбата на „Вреди“. Судот одлучи дека постапката се прекинува откако претставникот на коалицијата изјави дека тужбата ја повлекува во целост.