Македонија
(Видео) Мицкоски: Во Кисела Вода се случува вистинска промена
Храбра, амбициозна би рекол посветена, чесна агенда имаат, километри нов асфалт, канализација, водовод и тоа е навистина една голема и сериозна работа која што се случува овдека во општина Кисела Вода. Дури и повеќе од тоа кое што можеби е земено како обврска во време на кампањата за локалните избори ќе биде реализирано, изјави денеска Претседаелот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Мицкоски додаде дека не се сите исти, токму тоа ја прави разликата помеѓу кадрите на ВМРО-ДПМНЕ, луѓето кои што се патриоти и кои што си ја сакаат Македонија и оние кои што се во Владата и се заложници на една политичка партија која што 20 години практично ја уназадува Македонија, кои што се грижат само за своите фотелји обременети со многу криминал, со многу корупција, со многу вулгарности, со многу навреди, со многу срам.
Истакна дека е горд на граѓаните затоа што знаат да ја направат разликата посебно тоа беше на последните локални избори и убеден сум дека таа разлика ќе ја направат и на следните предвремени парламентарни избори кои што многу бргу од денеска ќе се случат.
Јас немам што друго да додадам освен на крајот уште еднашка еве да му честитам на Орце, да и честитам на администрацијата и да им се заблагодарам на граѓаните и да им посакам уште многу вакви успешни проекти овде во Кисела Вода и низ цела Македонија, изјави Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 13:00 часот, улица Бунарџик. (Општина Илинден)
– во периот од 09-00 до 15-00 часот, дел од корисниците на улиците: Мице Козар и Ѓуро Салај. (Општина Ѓорче Петров)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредниот период
Продолжува период на стабилно и релативно топло време. Во текот на ноќите и во утринските часови ќе има појава на магла на одредени места и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.
Македонија
Сообраќајот на граничниот премин Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално
Сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

