Македонија
(Видео) Мицкоски: Го дадов мојот потпис против фалсификат попис
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска во Свети Николе се потпиша на штандот на граѓанската иницијатива за собирање потписи за законот за поништување на законот за попис.
„Го дадов мојот потпис против фалсификат попис. Да поддржиме европски и вистински попис. Да спречиме кражба, да ја тргнеме политиката од статистиката“, порача партискиот лидер.
Го дадов мојот потпис против фалсификат попис. Да поддржиме европски и вистински попис. Да спречиме кражба, да ја тргнеме политиката од статистиката.
Posted by Hristijan Mickoski on Сабота, 20 февруари 2021
Од опозициската партија воедно информираат дека денеска стотици граѓани чекале на ред да се потпишат на пунктовите во Кочани, Делчево, Виница и другите населени места низ источниот дел од Македонија.

Од таму додаваат дека заинтересираноста за иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ е огромна и меѓу граѓаните од пелагониско.

„Граѓаните се едногласни, нема да дозволат нови грешки заради коалициските договори на Заев. Попис може да има, но тој да биде исклучиво статистичка операција, кој ќе ја отслика реалноста“, стои во партиската порака.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

