Македонија
(Видео) Мицкоски: Доблесно е, по сите скандали, Спасовски да си даде оставка
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во изјава за медиумите рече дека нечуено е што претседателот на Собранието, Талат Џафери, им го одзема правото на пратениците од пратеничката група ВМРО-ДПМНЕ да дебатираат за интерпелацијата на министерот Спасовски.
Мицкоски истакна дека, по сите скандали, доблесно е Спасовски да си даде оставка на функцијата што ја извршува и колку-толку да спаси што е останато од неговата чест.
„Нечуено е тоа што го примени вчера спикерот Талат Џафери да се одземе правото на опозицијата да дебатира на интерпелација на министер. Ме зачуди зошто нема 62 пратеници поддршка, очигледно двајца недостигаа. Дали изгубил во меѓувреме, треба да си одговори тој на тоа прашање?! Мој совет е дека, по сите овие скандали што се појавија и кои ќе се појават како што кажав веднаш по празниците, доблесно од негова страна ќе биде да ја напушти позицијата и колку-толку да може да спаси од својата чест“, изјави Мицкоски.
Тој потенцира дека Спасовски како човек што поддржува аболиран политичар, кој национално ја опустоши државата, каков што е Зоран Заев, нема ниту грам достоинство.
Но, човек што поддржува слепо аболиран политичар, кој влезе во политиката преку првостепена судска пресуда за потоа на апелација, во втор степен, да му биде укината, денот како го потпиша оној капитулантски договор, односно откако одлучи национално да ја опустоши државата, тој човек нема достоинство, заврши Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

