Македонија
(Видео) Мицкоски: Ковачевски се врати блед од Блед, Макрон им ја кажа вистината
Димитар Ковачевски се врати блед од Блед и сега се крие од јавноста затоа што нивната лага повторно пукна како меур од сапуница, изјави првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Штип, коментирајќи дека тоне последната сламка за спас на власта.
„Францускиот претседател им ја кажа вистината. Европска унија им испрати абер. Сега се препелкаат, те овој сакал да каже вака, те оној сакал да каже онака. Сето тоа што го кажуваат не е точно. Јасно е. Без внатрешни реформи кои вие 7 години не ги правите, без оправање на секторите и состојбите на секое поле, нема да има ни афричка унија, а не пак европска. Народот бара РЕСЕТ. Оваа Влада ги изгуби и легитимитетот и кредибилитетот“, рече Мицкоски.
Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ праша дали е Европа кога министер од ДУИ ќе даде 2 милиони евра на фирма која претходно била донатор на ДУИ и ги дала тие пари за му организира на истиот тој министер политички настан. Потоа додаде: (Османи) излезе да се жали како не знаел за тоа дека таа фирма била донатор. Па излезе да се прави наудрен и да се прави дека тоа што го гледа не го гледа, а повеќе од 20 години или е министер, или портапрол или потпретседател. И добро еве бидејќи до сега не знаел еве сега знае, научи, и прашањето е што сега ќе преземе, дали ќе го раскине договорот кој што претходно го потпишал, или да бидам по прецизен дали смее да го раскине истиот тој договор кој го потишал со таа фирма донатор.
Праша и дали е Европа кога првиот човек на владата добива државно земјиште по едно евро и тоа од државата чиј што премиер, вештачки поставен, безнароден, без легитимитет ја води.
„Зарем Европа е кога се делат 215 пасоши на светски криминалци, нарко дилери и убијци? Претпоставувам дека и многумина од вас подзаборавија на тоа дека нема локален балкански криминалец и нарко бос кој што денеска нема македонски пасош издаден од оваа влада, која што денеска ја гледате започнува една кампања платена со ваши пари да не убедуваат дека тие биле Европа“, рече Мицкоски.
Во однос на уставните измени, Мицкоски изјави дека тие се полоши од катастрофата во секоај друга област затоа што се натурени, наметнати и диктирани од надвор и народот е против во огромно мнозинство.
„Народот и ВМРО-ДПМНЕ велат НЕ. Погледнете го Ковачевски како блед се врати од Блед. Доживеавме премиери на други држави да го бранат македонскиот народ и Македонија повеќе од премиерот кој го плаќаме со народни пари. Доживеавме да се редат понижување до понижување“, додаде Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нова услуга на ЈСП: Онлајн надополнување на картичката
ЈСП воведува нова услуга – онлајн надополнување на картичките за возење.
„Од сега можете онлајн да ја надополните вашата картичка со билети и/или износ (средства) директно преку нашата официјална веб страна skopjebus.mk — без чекање, без редици и без одење до продажно место. Сè што ви треба е телефон или компјутер и неколку минути. Надополнувањето се прави од далечина, брзо и кога вам ви одговара, од удобноста на вашиот дом“, велат од ЈСП.
Од таму додаваат дека со новата услуга се добива онлајн надополнување со билети и/или средства, брза постапка во неколку едноставни чекори, нема редици и нема потреба од физичко присуство, достапно од телефон или компјутер.
Како да надополните картичка?
* Влезете на skopjebus.mk
* Изберете „Надополни картичка“
* Внесете ги потребните податоци за
картичката
* Одберете дали сакате билети или износ
(средства)
* Потврдете и завршете ја постапката
Пробајте ја новата функционалност тука: https://skopjebus.mk/mk/app/cards/load
Македонија
Утре променливо облачно време, попладне дожд
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд, информира УХМР.
Претпладне тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, ончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен утре кон крајот на денот кога ќе има услови за слаб локален дожд.
До петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Од петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен. За време на викендот облачноста ќе се зголеми.
Македонија
Утре прекинато водоснабдување во делови од неколку скопски општини
Од ЈП Водовод и Канализација известуваaт дека утре ( вторник ) се планирани неколку интервенции и тоа:
· поради изведување на водоводен приклучок на ул.Борис Трајковски 212, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (место викано Каменик). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.(општина Кисела Вода)
· поради изведување на водоводен приклучок ф-150 мм на ул.Варшавска 4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Варшавска и дел од бул.8-ми Септември. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности.(општина Карпош)
· поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на ул.Боца Иванова бб(за АБЦ Комерц),
прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Боца Иванова,Томе Пуре, Душко Поповиќ, Александар Бујнов, Бетовенова и дел од Петар Манџуков. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности.(општина Бутел)
· поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на ул.20 –ти Октомври 44 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.(општина Центар)

