Македонија
(Видео) Мицкоски: Неспособноста на Заев и Филипче се плаќа со животите на граѓаните, оставка веднаш
„За жал, деновиве сме сведоци на масовна појава на загуба на човечки животи поради неквалитетното здравство. Тоа е загрижувачки, за сите нас. Ова не е дневна политика, иако политичарите кои го водат ресорот се најодговорни, тука се работи за здравјето на граѓаните. За животот на деца, млади, возрасни.Никогаш порано во Македонија не се случило ова што се случува денес. Има десетина смртни случаи во десетина дена. Смрт по и пред операции. Смрт од епидемии, на морбили и на грип”, се вели во видеообраќањето на Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, нема акција, нема дејство од Владата. Наместо здравје, граѓаните добиваат смрт. „За два дена згаснаа три млади животи поради епидемија на морбили, и два живота згаснаа поради епидемија од грип. Нè вратија 100 години наназад.Манипулираа со МРП-вакцините. Се откри дека има со поминат рок. Министерот Филипче ја лажеше јавноста и со лажно вакцинирање на својата внука.Поради негрижа и непочитување на законските протоколи се раширија морбилите и меѓу другите болни деца на детската клиника.
33-годишен татко и сопруг починал поради обична скршеница и несоодветна терапија.
61-годишна жена починала само затоа што била препраќана од една болница во друга, со образложение, замислете дека нема доволно место и слободен кревет.
На Клиниката за стоматологија се појави опасна бактерија МРСА.Министерот молчи, премиерот нема фокус, за на крај директорот на Клиниката за абдоминална хирургија со скандалозна изјава да ни порача – цитирам „секој има право да умре”.
Граѓаните не плаќаат даноци за да ги финансираат тендерите на министерот, ниту, пак, бизнисите на Заев туку да имаат квалитетно здравство. Ова се огромни скандали за да бидат премолчени. И ова е само дел. Да не збориме за изневерените очекувања, лошите услови на работа на лекарите и здравствениот персонал, ниските плати кои се далеку од ветените 100 илјади денари, за болниците кои се распаѓаат, за неизградениот клинички центар, за немањето лекови на рецепт итн.
Што ли треба да се случи, колку ли животи треба да се изгубат за овие луѓе да преземат одговорност? Оставка на министерот веднаш. Но и тоа не е доволно доколку за краток период не се преземат мерки и активности за средување на хаосот. Неспособноста на Заев и Филипче се плаќа со животите на граѓаните. И ова треба да престане.И ова не е политика, ова е појава што го загрижува целото општество. Ние сме вознемирени и загрижени. Ако Владата не знае како да се справи, нека праша. ВМРО-ДПМНЕ ги става на располагање сите свои потенцијали за справување со состојбите. Потребна е акција, а владата бега. Имаме решенија кои можат да помогнат за да се санираат состојбите”, вели Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски на средба со еврокомесарот за внатрешни работи и миграции, Магнус Брунер
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со европскиот комесар за внатрешни работи и миграции, Магнус Брунер.
На средбата министерот Муцунски го истакна континуираниот ангажман на земјата во процесот на пристапување кон Европската Унија, особено во областа на внатрешните работи и миграцијата. Тој ја нагласи посветеноста кон унапредување на институционалните капацитети и спроведување на реформите во оваа област, со цел натамошно усогласување со европските правила и стандарди.
Соговорниците разговараа за продлабочување на соработката во управувањето со миграциите, вклучително и партнерството со Фронтекс, борбата против нелегалната миграција и организираниот криминал, визната политика, како и континуираната размена на информации и искуства.
Посебно внимание беше посветено на имплементацијата на Системот за влез/излез на Европската Унија (Entry/Exit System). Министерот Муцунски укажа на практичните импликации од неговата примена, особено во однос на професионалните возачи и транспортниот сектор, кои се соочуваат со конкретни оперативни и финансиски предизвици. Во таа насока, тој ја нагласи важноста од продолжување на напорите за изнаоѓање практични и навремени решенија преку конструктивен дијалог со Европската комисија и земјите членки, со цел зајакнување на поврзаноста и обезбедување непречено одвивање на трговските текови
Македонија
Гаши – Грлиќ Радман: Континуирана и цврста поддршка за евроинтеграциите
Претседателот на Собраниетo на Република Северна Македонија, Африм Гаши, се сретна со министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, кој престојува во дводневна официјална посета на државата. На средбата присуствуваше и генералниот секретар на Собранието, Марина Димовска.
Претседателот Гаши изрази благодарност за континуираната и цврста поддршка што Република Хрватска ѝ ја дава на европската перспектива на државата, како и за севкупната билатерална соработка што се развива во духот на меѓусебна почит, разбирање, солидарност и партнерство. Тој нагласи дека особено се цени подготвеноста на Хрватска да ја споделува својата драгоцена експертиза и искуство од процесот на пристапување и водењето на преговорите за членство.
Беше истакната и важноста на сојузништвото и соработката во рамките на НАТО, каде што двете држави се силно посветени на промовирање и споделување на заедничките вредности, принципи и одговорности на Алијансата.
Двајцата соговорници се сложија дека политиката на проширување на Европска Унија претставува стратешка инвестиција во мирот, стабилноста и просперитетот на регионот како и на целиот европски континент, а беше поздравена и целосната усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата, со што Република Северна Македонија покажа дека е кредибилен партнер.
Исто така, соговорниците нагласија дека Република Северна Македонија и Република Хрватска секогаш негувале пријателски однос, базиран на висока почит кон човековите, националните, културните права на малцинствата кои студираат, работат или живеат во двете држави, што претставува позитивен пример во регионот и пошироко.
Гаши изрази увереност дека посетата на министерот Грлиќ Радман ќе придонесе за дополнително зацврстување и унапредување на односите меѓу двете држави на сите полиња од заеднички интерес, како и дека Република Северна Македонија и натаму ќе смета на силната хрватска поддршка за нејзина интеграција во Европската унија.
Македонија
Сиљановска-Давкова го пречека албанскиот претседател Бајрам Бегај
На официјална церемонија со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го пречека албанскиот претседател Бајрам Бегај, кој престојува во официјална посета на земјава.
Претседателите одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на македонската и на албанската делегација.

Во фокусот на разговорите беа севкупните билатерални односи, кои се традиционално пријателски и партнерски, како и можностите за нивно понатамошно продлабочување во повеќе сфери од заемен интерес.
Соговорниците разменија мислења за европските аспирации на двете држави, соработката во рамките на НАТО алијансата и актуелната безбедносна состојба на европскиот континент, како и за соработката во рамки на регионалните иницијативи.

Беше изразена подготвеност за натамошно унапредување на политичкиот дијалог и институционалната соработка, во интерес на граѓаните на двете држави.

