Македонија
(Видео) Мицкоски од Крушево: Доста е од овој срам по принципот „мало сутра“
Во рамките на кампањата „Разговори за обнова на Македонија – проблеми, решенија и програма“, во Крушево, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, им порача на присутните дека е време СДСМ да замине и дека тие нема да бидат како Заев, кој, како што вели Мицкоски, ветил сè, освен можеби бесмртност.
„Доста е од овој срам по принципот ‘мало сутра’, доста е од овој срам по принципот на тепсијата што останала изедена, доста се овие простотилаци, декаденции. Нам ни треба иднина, визија, нам ни треба план, а планот доаѓа со обновата за Македонија, затоа е многу важно секаде на плоштадите, на улиците, домовите, на работните места, секаде без исклучок да ја најавиме победата на ‘Обновата на Македонија’. Тоа е победата на народот, тоа ќе биде најголемата победа во историјата на независна Македонија, на најголемата коалиција во историјата на независна Македонија, а тоа е коалицијата на народот со ВМРО-ДПМНЕ и ‘Обновата на Македонија’“.
Сите оние браќа и сестри што ви велат дека невозможно е да се вратат некои работи тие се жртви на пропагандата, на политичките измамници како Зоран Заев, Радмила Шекеринска, Кочо Анѓушев. Сите тие се жртви на таа пропаганда.
Верувајте дека можете. Верувајте во себе, бидете храбри и пркосни. Ќе бидеме заедно храбри и пркосни и ќе видите дека и невозможното станува возможно. Пред 22 месеца ми велеа ВМРО-ДПМНЕ е распадната партија, ВМРО-ДПМНЕ е поразена, ВМРО-ДПМНЕ е на колена. Ние верувавме во себе, верувавме во ВМРО-ДПМНЕ, верувавме во идејата, верувавме и работевме, па пак работевме и верувавме. Остваривме историски најголем резултат од опозиција на претседателските избори, со историски најдобриот кандидат за претседател што некогаш се појавил во трката за претседателските избори. А сега ни преостанува сета оваа наша мака, сиот наш труд, целата оваа наша енергија, сето она што го вложивме во изминатите 22 месеца како опозиција да го потврдиме на следните предвремени парламентарни избори и сите овие политичари да ги пратиме на темната страна на историјата, а потоа, без разлика на корените од дома и од надвор, следува одговорност, од прв до последен за криминалот што му го направија на овој напатен народ, за сите уништени човечки судбини.
Знаат дека се виновни, знаат дека грешеле, знаат дека од правдата нема бегање по 12 април, затоа сакаат сега на шверцерски начин да протнат тендери, да земат аванта по принципот кради-бегај, затоа сакаат да го направат историскиот буџет од 4 милјарди евра пари на граѓаните,затоа што ќе се обидат, тоа е нивниот код, тоа е нивниот ген, мислат дека со пари сè се купува. Не веруваат во честитост и чесност, не веруваат во родољубие, не веруваат во патриотизам, тие мислат дека клиентелата и материјалното на народот во Македонија е пред сè. Мислат дека со минимално зголемување на пензиите, кои претходно максимално ги намалија, мислат дека со скромни 5 отсто зголемени плати за администрацијата народот во Македонија ќе заборави на сите предавства, на сите понижувања, арамилаци, криминалии и корупција, мислат дека овие неколку недели ќе го корумпираат народот.
Честит човек, кој знае дека работел честито и чесно, нема од што да се плаши по 12 април, по поразот, се подава рака и му се честита на политичкиот противник, но тие не се ни од далеку честити. Знаат што правеа овие три години и исплашени се затоа играат all-in со вас, со вашите пари, со народните пери, не со нивните пари. Нивните пари се некаде на сигурно место надвор од Македониија. Во овој буџет играат all-in со вашите пари затоа што се исплашени и знаат дека по 12 април, следува одговорност за криминалот, за пљачката и пустошот што ќе го остават зад себе, е затоа играа all-in.
Губеа до сега, ќе изгубат и на 12 април лето Господово 2020 година, тоа им го ветувам“, порача Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

