Македонија
(Видео) Мицкоски: Осудениците од Диво Насеље се закануваат и напаѓаат за Заев побрзо да ги пушти од затвор
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во однос на заканите од кумановската група упатени до поранешни функционери од партијата изјави дека осудениците од Диво Насеље од затворот му слугуваат на премиерот Зоран Заев со цел да бидат пуштени на слобода или да добијат помала казна.
„Ова е уште еден обид јавноста да се дефокусира од сите овие недела кои ги први оваа криминална непотистичка и насилничка власт. Луѓето се обидуваат од внатре да му слугуваат на деспотот Заев надевајќи се дека тој може со неколку потези да измени закон доколку тоа му е неопходно на него и тие околу него. Претпоставувам бараат милост од деспотот Заев за да може што побрзо да излезат од таму“, вели Мицкоски.
Лидерот на најголемата опозициска партија додаде дека ваквата изјава од луѓе кои се соочуваат со затворска казна која е резултат на она што го сторија во Диво насеље е грозоморна и монструозна.
„Обично кукавиците преку Фејсбук се закануваат по луѓе и политичари, а притоа се обидуваат да му слугуваат на владетелот за да добијат помала казна. Сте сториле нешто, има да одговорате за тоа“, рече Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска се потпиша и даде поддршка за кандидатот за претседател, професорката Гордана Силјановска Давкова во просториите на ДИК во општина Карпош.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

